Дали функционира врска помеѓу припадници на исти хороскопски знаци?

6 Хороскопски парови кои се создадени еден за друг

Да се биде во врска со ист хороскопски знак може да биде рај или пекол на Земјата. Дури и кога личностите се идентични, на својот партнер може да му насочат најнегативни особини. Природно, некои парови се покомпитабилни од други. Прашањето е дали може да успее врската меѓу личности кои се родени во ист хороскопски знак. Секако тоа зависи од тоа за кој знак станува збор…

Овен – Овен

Кога овие два знаци ќе се сретнат, следува експлозија! Може изразито да не си одговараат еден со друг поради тврдоглавоста. Но ако ги инспирира импулсивноста можно е врската да успее.

Бик – Бик

Тие може да бидат неверојатно компатибилни доколку и двајцата прават отстапки. Заедно две личности родени во знакот на Бик се пример за стабилност кога ќе се дружат. До несогласување меѓу нив може да дојде само поради пари или слични проблеми кои може да ја нарушат стабилноста.

Близнаци – Близнаци

На кратски стази врската на релација Близнаци – Близнаци може да биде страсна авантура. Меѓутоа нивната компатибилност е проблем за долгорочни односи. Без никаков знак дека е крај на врската, тие ќе си заминат кога барем на еден од нив ке му стане досадно.

Рак – Рак

Парот Ракови може да биде компатибилен само ако научат да го почитуваат тоа што имаат чувствителен партнер. Кога вреската не им е успешна, завршува во солзи и на експлозивен начин.

Лав – Лав

Врската помеѓу два Лавови може да биде неуспешна, а единствена причина за тоа е што Лавовите сакаат да бидат главни во се и не е возможно мечусебно да се натпреваруваат за тоа. Можно е некое време да се смират, но нивната еднаквост нема долго да трае и тоа е вистинска реткост. Тие се експлозивна комбинација која завршува со неуспех.

Девица – Девица

Две Девици може да бидат пар од соништата. Секоја од нив има големи очекувања. Понекогаш Девиците заедно имаат проблеми, но најчесто тие им помагаат да за постанат подобри едни кон други. Тие заедно напредуваат.

Вага – Вага

Вага пар може да функционира само ако двајцата ги бираат своите битки. Иронично, секој од нив сака хармонија и подобро ќе се смири со вас отколку да се кара или да влегува во детали. Компатибилноста на таков пар зависи од подготвеноста да се работи на ова прашање.

Скорпија – Скорпија

Односот меѓу две личности во знакот на Шкорпија може да биде напорен и брзо да се распадне, врската може да биде некомпатибилна од самиот почеток, со бурни емоции и расправии. Дури и кога ќе останат заедно, постојат страсни разлики меѓу нив.

Стрелец – Стрелец

Лицата родени во Стрелец тешко се држат во врска со припадниците на истиот знак од едноставна причина поради која се плашат од губење на слободата. За среќа, кога ќе се сретнат, овие два знака се искрени еден кон друг, што може да ги доведе до успех.

Јарец – Јарец

Односот помеѓу двата Јарци може да биде долг, се додека двата партнера ги земаат предвид потребите на другите кои се поврзани со обврските надвор од односот.

Водолија – Водолија

Двете Водолии можат да бидат одлични пријатели, тие можат да се охрабруваат да ги истражуваат личните можности, што може да резултира со егоцентризам. И двете имаат предиспозиции да ги игнорираат емоционалните потреби на партнерот, но потоа можат заедно да ги решат проблемите.

Риба – Риба

Пар Риби може да изгледа навидум компатибилен, но всушност, она што ги прави среќни не е таков однос. Ова води кон некомпатибилност. Рибите мора да бидат сигурни дека во овој однос тие нема да се жртвуваат за да се стават себеси во стагнација.

Loading...