Идеален подарок за Денот на Жената според нејзиниот хороскопски знак

Овие 4 знака ќе имаат најмногу среќа на СИТЕ полиња во 2018 година

Дознајте што е најдобро според астрологијата да и подарите на својата девојка, жена, мајка, баба, сестра или пријателка во однос со нејзиниот хороскопски знак. Секоја има нешто што посебно ја развеселува…

ОВЕН

Овие жени постојано брзаат, бидејќи сакаат да постигнат многу планови. За неа, најдобриот подарок ќе биде убав планер во кој ќе ги запише сите свои обврски, а не е лоша идеја ниту платена месечна фитнес карта и букет црвени ружи.

БИК

Жените во овој знак се прилично хедонисти, па затоа нејзиниот подарок, иако не мора да биде скап, мора да делува гламурозно и луксузно. Уплатете и третман во велнес центар или поклонете и накит. Покрај тоа, не заборавајте на букет црвени ружи.

БЛИЗНАЦИ

Овие девојки сакаат да знаат сè и да работат на себе. Најдобар подарок за неа е добар збир на книги, годишна претплата за нејзиното омилено списание или сет пенкала. Разубавете и го денот со букет ружи.

РАК

Раковите овожаваат подароци. Најважно е што тие стигнуваат до нивните срца. Тоа може да биде рамка за слика, домажна торта или нешто за кујната. Цвеќето нека биде бело, по можност лилјани.

ЛАВ

Што и да одлучите да им дадете, размислете како да ги спакувате однапред, бидејќи ако декоративната хартија не свети, нема да има никаков ефект. Подарете и шише добар шампањ, златен накит и мало огледало. Одведете ја на вечера во ресторан, но никако не заборавајте букет жолти ружи.

ДЕВИЦА

Дамите во овој знак се многу практични. Најдобро е да им дадете подарок ваучер за книжарница или продавница за козметика, ружи или нарциси.

ВАГА

Што и да им подарите на вагите, тоа мора да биде убаво и корисно. Подарете и некоја украсна кутија во која може да спакува корисни ситници, фамилијарен портрет или калапи за колачи. Нема да се буни ако и подарите и удобна ноќница. Ружите мора да бидат огромни и миризливи.

ШКОРПИЈА

Жената во овој знак е страсна, така што нема да ви биде погрешно ако и подарите секси долна облека или нешто што ќе ги запали “работите” во вашата спална соба. Не заборавајте за букет црвени ружи.

СТРЕЛЕЦ

На овие жени треба да им поклоните нешто што ќе ги тера на акција. Од секси лисици преку торби за патување, па до патување во некоја “дива” дестинација која ќе можете заедно да ја истражувате. Цвеќето исто така мора да биде диво, како каранфил.

ЈАРЕЦ

Овие дами се феминистки, па мора да внимавате што ќе и поклоните. Најдобро е да и купите паметна книга, карта за музеј, а од цвеќето определете се за магнолија.

ВОДОЛИЈА

Поклонете и козметика или долна облека од чиста свила или фини чипки. Ќе се израдува и на нов паметен телефон. Бирајте орхидеи или кактус.

РИБИ

Рибите живеат во светот на фантзијата. Купете и добра книга, однесете ја на кратко, но убаво патување, а хотелот по можност да биде со базен во кој ќе може да плива. Од цвеќе бирајте јоргован или орхидеи.

 

Loading...