Како се однесуваат хороскопските знаци кога ќе се заљубат: Бикот ќе ви купува подароци, Девиците се грижат…

ОВЕН

Ако сака да ве носи со себе во секоја авантува, тоа е добар показател дека Овенот е заљубен во вас. Луѓето родени во овој знак тоа го покажуваат така што ќе ве мотивираат и охрабруваат да направите нешто од што сте се плашеле претходно. Тие сакаат да ја прошируваат зоната на комфор на луѓето кои им се важни.

БИК

Доколку почне да ви купува подароци без некоја причина, тоа е показател дека е заљубен во вас. Биковите сакаат да им купуваат мнгоу подароци на луѓето кои ги сакаат. На тој начин ги покажуваат своите чувства и покажуваат дека сте им важни.

БЛИЗНАЦИ

Кога ќе се заљубат луѓето од овој знак, тие на партнерот му го посветуваат сето свое внимание и секогаш се во негова близина. Исто така кога искрено ќе се заљубат, Близнаците стануваат помирни. Инаку тие се склони брзо да ги менуваат партнерите бидејќи врската им здосадува.

РАК

Сигурен показател дека некој кој е роден во знакот на Рак е вљубен во вас, е кога тој ќе се отвори и ќе ги покаже своите чувства. Раковите во таквите моменти не се обидуваат да сокријат колку се ранзливи и колку знаат да бидат нежни.

ЛАВ

Лавот се обидува да ве импресионира и кога е заљубен, па гордо ќе ве покажува пред другите. Покрај тоа тоја ќе се обиде да ве восхити, претставувајќи го својот живот како убав и екставагантен. Лавовите ќе направат се за да помислите дека се силни и најдобри во се. Ќе се обидат да ви докажат дека можете да им верувате и да се потпрете на нив.

ДЕВИЦА

Кај луѓето во овој знак, тешко е да се знае кога се заљубени. Тие се склони на размислување за сите детали пред да признаат нешто убаво. Им треба долго време за да ги покажат своите емоции и да признаат дека се заљубени.

Сепак и кога не го кажуваат тоа, може да се препознае по некои мали работи – ќе се грижат за работи кои се поврзани за вас.

ВАГА

Ако постојано ви биде “при рака” тоа значи дека некој во знакот на Вага е заљубен во вас. Ќе ви дава дознаење дека секогаш можете да сметате на него/неа. За тој кој го сака ќе направи се.

СКОРПИЈА

Луѓето родени во овој знак се заљубени кога не некој целосно му веруваат и го кажуваат тоа. За нив довербата во некој е нешто што најтешко се постигнува.

СТРЕЛЕЦ

Заљубениот Стрелец сака да ја покажува својата сериозна страна, иако сака љубовната врска да им биде исполнета со забава. На тој/таа која ја сака ќе и кажува и дека животот не треба да се сфаќа премногу сериозно.

ЈАРЕЦ

Ќе знаете дека е заљубен во вас кога ќе почне да поминува многу време во ваше друштво и одвојува многу време за вас. Инаку луѓето родени во овој знак постојано се во движење и имаат некоја работа, но кога ќе се заљубат, тоа им станува приоритет.

ВОДОЛИЈА

Водолијата ќе ги открие своите вистински емоции кога е во состојба со часови да разговара со вас, бидејќи тоа не го прави со сите, само со оние кои навистина и се важни. Кога ќе се заљубат луѓето родени во овој знак, сакат да знаат се за личноста па поради тоа поставуваат многу прашање.

РИБИ

Луѓето родени во овој знак стануваат навистина романтични кога ќе се заљубат и се во состојба да создадат ситуации како во најромантичните филмови. Ќе ви пишуваат љубовни стихови, ќе ве викаат заедно да го гледате заоѓањето на сонцето и ќе ви приредуваат слатки изненадувања

Loading...