Кинескиот хороскоп открива: Со кој знак ве чека вистинска љубов, а со кој пекол

Според кинескиот хороскоп, некои знаци се судени еден за друг, додека некои треба да се избегнуваат.

Новата година по кинескиот календар започна на 16 февруари и оваа година ќе биде во знакот на кучето, кој што на многу знаци им ја менува судбината на подобро, додека на некои ќе им предизвика големи проблеми.

Вашиот знак во кинескиот Зодијак, го одредува и Вашиот љубовен живот како и Вашиот идеален партнер. Во зависност од знакот на кој што припаѓате, дознајте со кој знак најмногу си одговарате и Ве очекува голема љубов.

Глушец

На овој знак најмногу му одговараат лицата кои што се родени во знакот на Змајот и Мајмунот.

Вол

На оние кои што се родени во овој знак им одговараат лицата кои што се родени во знаците на Змијата и Петелот, а големи проблеми имаат со лицата родени во знакот Мајмун. Проблеми исто така имаат и со Коза и Свиња.

Тигар

Идеалниот партнер е роден во знакот коњ или куче, но мораат да ги избегнуваат лицата родени во знакот Вол.

Зајак

Козата и свињата најмногу му одговараат на зајакот, бидејќи делат исти заеднички интереси, но мора да напоменеме дека мора да се држи подалеку од петелот.

Змај

Оние кои што се родени во знакот на змај, во потрага по партнер треба да обрнат внимание на оние кои се родени во знак на Глушец или Мајмун.

Змија

Лицата родени под знакот Змија, можат да остварат одличен однос со оние кои што се родени под знаците Вол и Петел, но никако не се “мирисаат” со Тигар.

Коњ

На овој племенит знак добро му оди врската со Тигар и Коза, додека глушецот само ги нервира.

Коза

Коњот ги исполнува со својот оптимизам, а зајакот подеднакво ја цени природата и животот, па затоа се идеални партнери. Пазете се од глушец и змај кои што не одговараат на Вашата мирна природа.

Мајмун

Глушецот и Змајот ви представуваат најдобра комбинација, кога станува збор за зрачењето на истата енергија, а бегајте од Тигар.

Photo: Pixabay.com

Петел

Јаката сексуалност се совпаѓа со онаа која што ја има Волот, а амбициозната змија и Вие секогаш сте добар тим. Никако немојте да се здружувате со Зајак.

Куче

Коњот и Тигарот гарантираат хармонична врска, додека најмногу конфликти би имале со Змај.

Свиња

Компатибилни сте со зајакот и козата која што има големо чувство за одговорност кон домот и семејството. Бегајте од змијата.

 

Loading...