Crosshelmet X1 – кацига на иднината (Фото + Видео)

Crosshelmet X1
Crosshelmet X1 – кацига на иднината

Кацигите за мотоциклистите стануваат сé покомплексни. Во последниве години, многу start-up компании се обиделе да инсталираат нова технологија во нив, како што се head-up дисплеи, камери и слично, не секогаш успешно и лесно. Сепак еден производ отскокнува од другите.

Арата Оно, основач и извршен директор на Borderless, е дизајнер кој со години работел во мото индустријата, вклучувајќи и проекти, како што е Јамаха МТ-09. Покрај тоа што гледа простор на пазарот за дигитално поврзани, паметни кациги, овој мото ентузијаст и дизајнер, исто така, приметил дека повеќето од кацигите кои го покриваат целото лице гравитираат кон тоа да го притискаат лицето на возачот, што резултира со неудобност.

loading...

Неговото решение за овој проблем доаѓа по неколкугодишен развој, што резултирало и со продукт наречен CrossHelmet X1, кацига која нуди контрола на звук, задна камера, два head-up дисплеи и smartphone / Bluetooth конекција. Сето ова е спакувано во визуелно атрактивен шлем, кој исто така на корисниците им дава повеќе простор за лицето.

Со цел својот производ да го пласира на пазарот, се здружил со Kickstarter. Кампањата е лансирана на 12 септември и веќе достигнала 190.000 американски долари, речиси двојно повеќе од целта, со тенденција на пораст.

CrossHelmet X1 ќе чини 1,799 долари, а според големиот успех во изминатите неколку дена, се чини дека компанијата Borderless има светла иднина, која сигурно ќе вклучува и дополнителни модели на шлемови, а моментално високата цена сигурно ќе се намали.

Извор: dodajgas.mk

loading...