Киа го претстави новиот Седан К3 со ектремно ниска потрошувачка

Јужнокорејскиот производител на автомобили Киа го претстави нивниот најнов седан, а станува збор за 3-та генерасција на седанот К3 познат под името Forte или Cerato надвор од Азија.

Седанот К3 е освежен после 6 години, а во меѓувреме тој станал и за 10% поекономичен во споредба со неговиот претходник.

Главниот адут на новиот К3 е 1,6 литарскиот бензиски мотор со потрошувачка од само 6.5 литри на 100км.

Loading...

Киа К3 на пазарот во Азија треба официјално да се појави на 27 февруари, а цената ќе се движи од 12-17000 евра.

Целта на Киа е оваа година на светскиот пазар да продаде 150.000 К3 автомобили, од кои 1 третина да биде на домашниот пазар.

Може да напоменеме дека претходната генерација К3 е продадена во околу 2 милиони примероци.