Дневен хороскоп за 15 Февруари (четврток)

Дневен хороскоп

ОВЕН

ЉУБОВ: Ако помрачувањето на месечината довело до раскинување или повремено разделување од личноста која ви е драга, ќе бидете спремни да го прифатите нејзиното извинување само ако е искрено.

РАБОТА: Спрема претпоставените морате да бидете попустливи и немојте да бидете арогантни спрема колегите иако сте во право. Ќе бидете склони за полемики.

loading...

СОВЕТ: Бавете се со спорт

БИК

ЉУБОВ: Многу сте наклонети само кон вашите планови и не обраќате внимание на партнерот. Сепак тој ќе успее на некој начин да ви се наметне за да му обрнувате внимание.

РАБОТА: Со помош на јавноста ќе можете да го проширите вашиот круг на пријатели и соработници.

СОВЕТ: Потребен Ви е одмор

БЛИЗНАЦИ

ЉУБОВ: Прилично сте недоверливи кон оние кои ви се додворуваат, па дури и кон постојаниот/а партнер/ка. Ако ви се допаѓа некој/а од знакот на Лав, Близнаци, Овен или Водолија, тактизирајте за да видите дали и тие ви се посветени на вас исто како и вие на нив.

РАБОТА: Ви се отвараат нови можности, особено за работа во медиумите, трговијата и градежништвото, а ако сте млади ќе добиете шанса да работите во некој институт или факултет. Прашањето за парите ќе го решите полесно отколку што ви изгледа.

СОВЕТ: Спортувајте

 

РАК

ЉУБОВ: Добро сте расположени, затоа нема причина да ги избегнувате љубовните сигнали. Дозволете си да појдете на некоја омилена забава.

РАБОТА: Во духовит стил можете да добиете подобар ефект врз вашите соработници отколку да користите строга интонација.

СОВЕТ: Вие сте во одлична психо-физичка форма.

ЛАВ

ЉУБОВ: Ненадејната средба со една личност е емоционален врв за вас, но за жал овој ентузијазам брзо поминува.

РАБОТА: Доколку Ве привлекуваат некои мистериозни или невообичаени ситуации, мора да прифатите одреден степен на деловен ризик.

СОВЕТ: Важно е да ја зачувате присебноста и самоконтролата

ДЕВИЦА

ЉУБОВ: Некој Ве возбудува и го привлекува Вашето внимание. Избегнувате да ја признаете Вашата емотивна слабост, но ве издаваат различните постапки.

РАБОТА: Со неколку добри потези можете да изработите повеќе од вашите соработници или бизнис конкуренти. Треба да делувате успешно на различни страни.

СОВЕТ: Вие сте во одлична форма.

ВАГА

ЉУБОВ: Партнерот се обидува да ги разбере вашите намери, но не може да очекувате чудо.

РАБОТА: Толерантно преминувате преку некои ситни неправди кои што постојат во односот со соработниците.

СОВЕТ: Вие сте во одлична форма

СКОРПИЈА

ЉУБОВ: Вас Ве возбудуваат емотивните игри кои што ги имате на состанокот со саканата личност, особено кога се се случува како што сакате.

РАБОТА: Сакате да се разликувате од другите во позитивна смисла или на начин кој остава силен впечаток врз вашата околина. Соберете тим на соработници кој ветува морална и материјална поддршка, треба да имате добар план.

СОВЕТ: Добро би Ви дошло да се активирате на неколку страни

СТРЕЛЕЦ

ЉУБОВ: Вашата несигурност или психолошка нерамнотежа лошо се одразува Врз односот со Вашата сакана личност.

РАБОТА: Вие не можете да се задоволите со моменталната ситуација во деловните преговори и барате некое ефикасно решение.

СОВЕТ: Нема причина да се оптоварувате со “тешки мисли”.

ЈАРЕЦ

ЉУБОВ: Делувате задоволно и инспиративно, добивате емоционална поддршка од лице кое има важно место во вашиот живот.

РАБОТА: Во овој момент, туѓи мислења не ви значат многу, треба да преземете активна улога или да се фокусирате на практични решенија.

СОВЕТ: Направи нешто корисно во корист на подобар изглед и подобро расположение.

ВОДОЛИЈА

ЉУБОВ: Очекувате премногу од лице кое често ги менува своите емотивни расположенија и одлуки. Бидете по дискретни во туѓо присуство.

РАБОТА: Важно е да се фокусирате на вашите приоритетни обврски. Нема потреба да ја изгубите вашата креативна енергија во дискусијата со непромисленото.

СОВЕТ: Посветете внимание на вашето здравје и способности.

РИБИ

ЉУБОВ: Вие не треба да се грижите за емоционалните дилеми, понекогаш не можете да добиете одговори на сите прашања.

РАБОТА: Со цел некои работи или настани да го добијат вистинското значење, мора да ги решите во согласност со околината.

СОВЕТ: Поттикнете добро расположение, веселиот дух делува здраво.

 

loading...