Љубовен хороскоп за 29 Ноември

Сваштарник љубовен хороскоп

ОВЕН

Положбата на небеските тела денеска ве охрабруваат за свеж почеток на љубовно поле. Иако вам тоа само по себе не ви е доволно за да направите договор со стравот во срцето, допуштете си себеси да се отворите пред новите прилики, бидејќи тоа ќе биде најпозитивната работа која што сте ја направиле за самите себеси во последно време. Доколку добро го проанализирате вашето срце, ќе увидите дека тоа е токму она што го сакате, па одтаму припремете се за нова авантура наречена Љубов.

БИК

Денес ќе се чуствувате посебно атрактивни, романтични и секси. Потенциалниот или сегашниот партнер веројатно посебно ќе ви посвети внимание и ќе посака да се види со вас насамо. Тоа е токму тоа што вам ви е потребно бидејќи изминатите неколку дена ви биле напорни. Излезете од дома и убаво забавувајте се. Секому му е потребна ваква разонода од време на време, Уживајте!

БЛИЗНАЦИ

Во следните пет недели навлегувате во својата еротична фаза. Вистинско време е да ги изнесете своите фантазии во реалниот свет. Доколку немате никој со кој би ги делеле своите желби, канализирајте ја таа енергија во некој вид на секси вежби или танц. Бидете истовремено внимателни да не го турнете партнерот во некоја обврска која не е подготвен да ја превземе. Доколку го засилите притисокот, можете само да го изгаснете оганот.

РАК

Денеска ќе имате голема самоконтрола и развиена самосвест, но потрудете се да истовремено разберете и што вашата подобра половина мисли за вас и за вашите постапки, како и на постапките на луѓето околу вас. Вашиот партнер ве познава најдобро и неговото мислење ќе ви биде многу од корист, не е проблем доколку некогаш дупло ги проверувате вашите постапки.

ЛАВ

Иако воопшто не сте таков тип на личност, денеска ќе се чувствувате меланколично и тмурно. Тажните моменти обично се наменети за некој друг, но вие ќе сакате да се отргнете од сите и да поминете малку време сами. Нема да ви биде пријатно ни разговор или пак седенка со партнерот гупнати заедно. Најдобро би било да го преспиете денот.

ДЕВИЦА

Денес би можеле да ја подобрите вашата врска доколку ги исполните очекувањата на партнерот, наместо да му ја отриете вашата потреба за приватност. Сите имаме ден кога не ни се делат емоции и прегратки, попрво би уживале сами во добра книга или филм. Но, на вашиот партнер денеска сте му посебно потребни и моментално ви е поважно да ги ставите неговитеп отреби пред вашите. Бидете несебични и одговорни.

ВАГА

Денес ќе почувствувате нервози и тегоби. Старите љубовни рани можно е да ви се отворат и ќе влијаат на вашето функционирање во текот на целиот ден. Имајте на ум дека моментално вашиот цврст разум најдобро ќе ви помогне за да ја отворите емоционалната блокада и да постигнете задоволство.

СКОРПИЈА

Не дозволувајте си партнерот да ве обвинува за некои лични неуспеси и губитоци. Наместо негативноста да ја истурите на саканата личност, во него пронајдете засолниште. Сободните припадници денес ќе остварат комуникација со личност од спротивниот пол, но само доколку се држат до неутрални теми.

СТРЕЛЕЦ

Денес сте немирен дух, подготвен за различни лудило и авантури. Големо задоволство е да имате лице кое ве поддржува и да ве следи како дополнување кон себе. Ако сте сами, вашето однесување ќе привлече личност со сличен темперамент. Со оглед на тоа дека ова е вашето моментално расположение, размислете внимателно дали сакате некој сличен на долг рок.

ЈАРЕЦ

Денес ќе бидете изложени на различни видови на предизвици од страна на спротивниот пол. Можно е да искусите некоја неправда од личност која ги знае вашите маани во љубовта. Ако сте во врска со многу амбициозен партнер, мора да бидете подготвени да се откажете од нешто и да бидете многу пофлексибилни од порано.

ВОДОЛИЈА

Планетите денес се така поставени што вие ќе сакате да бидете со други луѓе и малку да одморите од партнерот. Моментално не ви одговараат романтичните моменти, ситните знаци на внимание и останатите љубовни игри. Најверојатно малку сте се заситиле, па ви се потребни промени. Внимавајте само да не ги повредите чувствата на партнерот.

РИБИ

Денес ќе бидете преплавени со комплименти и внимание од некој кој навистина ве сака и ве небљудува како предмет за восхитување. Планетите покажуваат дека пред вас е прекрасен ден, кога е во прашање љубовта, преполн со слатки зборови, бакнежи и ветувања. Единствена работа на која треба да посветите внимание, е да не претерате во потрагата го комфорт и луксуз. Опуштете се и бидете помал материјалист.

Loading...