Неделен хороскоп 05.02 – 11.02.2017

Неделен Хороскоп
Неделен Хороскоп

ОВЕН

ЉУБОВ: Ако сте во долга врска, ќе имате потреба од повеќе дружење. На вашата драга личност тоа не мора секогаш да и се допаѓа па потрудетесе да ја земете со себе или објаснете и ја својата потреба од дружење. Осамените лесно ќе наоѓаат друштво од спротивниот пол.

РАБОТА: Следниве денови вашето знаење се повеќе ќе се цени. Бидете свесни за својата стручност и слободно презентирајте ги своите способности. Можно е повеќе луѓе да ве прашаат за совет или ќе ви понудат високо специјализирана работа.

СОВЕТ: Ако треба да се борите, изборете се. Не се плашете.

БИК

Loading...

ЉУБОВ: Сега веќе знаете кога треба да попуштите и полесно да прифатите компромис. Затоа и вашата врска ќе се развива на подобро. Ќе бидете пријатно изненадени кога ќе попуштите. Ќе видите дека не треба секогаш да одите по свое. Многумина дури сега во потполност ќе го покажат она што го чувствуваат.

РАБОТА: Што поминало, поминало. Немојте тоа повеќе да го анализирате. Препуштете времето да работи за вас, а ви насочете се кон она што сега започнува. Пред вас е нешто сосема ново и сеуште сосема не дефинирано. Бидете отворени за тоа.

СОВЕТ: Не ги помрднувајте границите по секоја цена.

БЛИЗНАЦИ

ЉУБОВ: Понекогаш ќе ви се причинува дека работите идат поспоро отколку вие што посакувате. Вашата страст овие денови ќе биде разбудена и ќе бара повеќе љубовни акции. Сепак, морате да се координирате со другата страна. Ќе успеете со доза на трпение.

РАБОТА: Се повеќе ќе ви биде важно и потребно вашето знаеење и стручност во работењето. Многумина ќе добијат прилика да ги покажат своите специфични таленти или пак нивната диплома ќе добие на тежина. Оние кои учат ќе бидат успешни во испитите. Некои ќе воспостават контакт со странство.

СОВЕТ: Истрајте во новите идеи.

РАК

ЉУБОВ: Во текот на неделата ќе се појават можности за поквалитетен емотивен живот. Најверојатно тоа ќе се прикаже преку повик за забава или друштвено собирање кое со задоволство ќе го прифатите. Од тука ќе следат можности за нови познанства. Раковите кои се во врска ќе почувствуваат подобрување во односите.

РАБОТА: Работата ќе биде поинтензивна, а се што ќе правите ќе има претприемачки карактер. Овие денови од вас ќе се бара поголем ангажман на работното место. Тие кои бараат работа исто така ќе бидат прилично активни.

ЗДРАВЈЕ: Не го занемарувајте редовниот сон

ЛАВ

ЉУБОВ: Повеќето од вас ќе се придржуваат кон својот скриен свет или фантазија. Тие кои сеуште се сами ќе почнат да сонуваат во реалноста и нема многу да се ангажираат. Лавовите кои се во врска ќе уживаат во друштво на саканата личност но и во гледањето на некој љубовен филм.

РАБОТА: Силата и убедливоста со која ќе зрачите ќе можете да влијаете на другите. Ако треба да придобиете некој, многу е голема веројатноста да успеете во тоа. Покажете што знаете и не застанувајте додека не ја постигнете својата цел.

СОВЕТ: Сепак некои ќе бидат премногу сигурни во себе

ДЕВИЦА

ЉУБОВ: Богатото излегување и широкиот круг на пријатели кој се повеќе се проширува, ќе ги направи овие денови подинамични. Ретки се оние кои ќе бидат сами, а воглавно ќе бидете во друштво на драги личности. Ќе бидете исполнети, опуштени, забавни и весели.

РАБОТА: На дневен ред ќе бидат незавршените работи од минатото. Некои ќе разбудат емоции во вас, па работите ќе ги извршувате со носталгија или со лутина.

ЗДРАВЈЕ: Не пијте ладни пијалоци.

ВАГА

ЉУБОВ: Каде и да одите, ќе забележите дека многумина Ве гледаат пријателски. Ќе бидете интересни и привлечни за другите, па затоа ова се деновите кога лесно ќе можете да најдете пријатели. Ако сте сами, не седете дома. Оние во врска ќе бидат скромни во очекувањата, но затоа ќе бидат задоволни.

РАБОТА: Поголемиот дел од следните денови најверојатно ќе се излежавате. Некои дури ќе земат и дел од годишниот одмор. Оние кои работат ќе бараат да се ослободат од работата што е можно поскоро. Претпоставените и нивната контрола ќе им падне тешко, но ќе ги издржат благодарение на нивната смисла за хумор

СОВЕТ: Ќе го истражувате непознатото

СКОРПИЈА

ЉУБОВ: Веројатно ќе организирате интересни забави. Оние кои се уште бараат сродна душа ќе ја најдат токму на овие забави, додека Скорпиите во врска секојдневно ќе откриваат како малите нешта се убави и добри. Сепак, не реагирајте на критиките на некој близок.

РАБОТА: Ќе имате потреба да финиширате некои работи и малку да се дистанцирате од напорната работа, но новите работни задачи ќе го направат спротивното. Се чини како да им нема крај. Бидете позитивни и среќни, работите се такви какви што се. Дајте се од себе да ги изработите квалитетно и посветено.

СОВЕТ: Човек на човек е лек.

СТРЕЛЕЦ

ЉУБОВ: Довербата и стабилноста на емоционалните односи ќе ви бидат важни во вашиот љубовен живот. Вие ќе ја насочите својата енергија за да го постигнете тоа. Партнерот ќе биде пријатно изненаден. Оние кои се уште се сами ќе бараат сериозна љубов со верување дека ова е можно веднаш.

РАБОТА: Вашата голема желба за превземање овој пат ќе има крилја. Сепак, ќе има многу детали што ќе треба да ги проверите на почетокот. Тоа ќе ве успори малку, но и ќе ве умори. Затоа штедете ја Вашата сила и работата организирајте ја подобро.

СОВЕТ: Вежбајте јога или медитирајте

ЈАРЕЦ

ЉУБОВ: Во емотивните односи, ќе биде поважно за вас да бидете дел од заедницата, а токму тоа ќе ве направи чекор понапред. Некои ќе размислат за почеток на заедничкиот живот. Ќе има и такви кои ќе ја обноват својата врска, и сигурно ќе се откажат од приговори.

РАБОТА: Ќе работите без притисок, но со голема ефикасност. Вие ќе бидете достојни и спремни да го поставите грбот секаде каде што ви е потребно. Некои колеги ќе ве изненадат затоа што не се навикнати да ве гледаат во таква издание. Само продолжете.

СОВЕТ: Уживајте во спортот и животот.

ВОДОЛИЈА

ЉУБОВ: Преокупацијата во домот и семејството ќе биде голема, а вие сте спремни да се борите до крај. Оние во стабилни врски го подмладуваат својот еротски живот на различни начини. Оние кои сеуште бараат сродна душа ќе бидат многу упорни и ќе одат до крај.

РАБОТА: Не само што вашиот претпоставен го зголемува притисокот врз вас, туку и ве провоцира. Најдобро е да се држите до деловните правила и строго да ги почитувате. Ако и така не оди, не влегувајте во расправии, затоа што победата ќе изостане. Причекајте малку.

СОВЕТ: Потребна ви е секојдневна релаксација.

РИБИ

ЉУБОВ: Пред вас, постојат искуства и искушенија кои можат да ве збогатат како личност. Ќе има дилема за тоа како да се застане на другата страна, но нека вашиот критериум не е само ваше задоволство. Бидете она што сте и гледајте на долг рок.

РАБОТА: Замислете се во улога на иницијатор. Многумина всушност ќе се кандидираат или ќе го носат главниот дел од работата на грб. Вашите колеги ќе бидат среќни да се потпрат на вас. Постои интересна недела во која ќе станете свесни за вашите улоги и предности.

СОВЕТ: Комбинирајте спорт и релаксација.