Неделен хороскоп 22.01 – 28.01.2018

Неделен Хороскоп
Неделен Хороскоп

ОВЕН

ЉУБОВ: Се повеќе ќе се занимавата со вашиот приватен живот и ќе копнеете за љубов. Мали несогласувања или грешки ќе бидат од минлив карактер. Повеќето работи ќе ви одат од рака, паако сте сеуште сами потрудете се да излезете и да побарате друштво.

РАБОТА: Оние кои бараат работа може да бидат повикани на разговор кој ветува. Не е исклучено да ја добијат работата. Оние кои веќе работат ќе бидат склони на покажување на емоции на работното место или во својата работа вистински ќе уживаат. Ќе бидете задоволни.

ЗДРАВЈЕ: Побарајте хоби поврзано со луѓето потребна в е релаксација.

БИК

Loading...

ЉУБОВ: Оваа недела ќе бидете по друштвени бидејќи околностите ќе ве наведат на тоа. Сепак, вашето срце веројатно нема да биде сосема исполнето. Многумина ќе излегуваат во друштво на поголема група од луѓе и нема да се изолираат. Добрата забава е загарантирана, но не повеќе од тоа.

РАБОТА: Атмосферата на работното место ќе биде добра. И покрај повремениот замор, вие ќе работите со леснотија. Односите со колегите исто така ќе бидат подобри. Малата неспретност во вашето изразување ќе ја надоместите со љубезен став и сериозна работа.

ЗДРАВЈЕ: Добро би ви дошле индивидуални спортови.

БЛИЗНАЦИ

ЉУБОВ: Ако сте сеуште сами и барате љубов, веројатно ќе фантазирате. Ова се денови кога повеќето од вас ќе се присеќаваат на поранешни љубовни сеќавања или ќе и читаат помеѓу редови на својата најдрага личност. Нема да ви биде досадно, но не и сензационално.

РАБОТА: Што и да се нашло на дневен ред, вие ќе бидете главниот координатор на работата или дипломат кој со својата вештина на комуникација работите ќе ги насочите таму кај што е потребно. Вашите потези ќе добијат на значење, па внимавајте што работите.

ЗДРАВЈЕ: Би било добро да отидете во природа да подишите чист воздух и да ги наполните батериите.

РАК

ЉУБОВ: Вашата потреба да бидете заштитени ќе биде се посилни, а со тоа оди и животот во тишина. Барем кога станува збор за љубовта. Повеќе нема да ви бидат важни атракции, туку ќе успеете да уживате во мали и обични ситуации. Тоа е зрелост.

РАБОТА: Тоа за што се борите е исправно, но треба подобро да соработувате со другите. Барем за сега. Некои исто така ќе гледаат да ја усовршат својата стручност. Тие кои учат секако ќе имаат и добивка.

СОВЕТ: Правете планови за патување.

ЛАВ

ЉУБОВ: Пред вас се добри љубовни денови. Ако има некој проблем меѓу вас и партнерот, сега и двајцата ќе почнете отворено да разговарате и ќе пронајдете заеднички јазик. Ќе има многу повремени непримерни однесувања, но тоа ќе биде занемарено. Ќе станете и подобри пријатели.

РАБОТА: Има нови барања од вашите претпоставени. Дури сега ќе видите дека тие може да бидат навистина амбициозни. Исто така ќе се појават резултатите од вашата претходна работа кои ќе ви го зголемат рејтингот во работното окружување. Се се очекува од вас.

СОВЕТ: Бидете јасни.

ДЕВИЦА

ЉУБОВ: Некој конечно ќе успее да го отвори своето срце и да се ослободи од препреките или фрустрациите кои го кочеле. Тоа ќе биде голем чекор напред во вашите односи. Друга страна ќе ве поддржи и сака. Тие кои се слободни во љубовта ќе бараат разменување на идеи.

РАБОТА: Се повеќе ќе соработувате со млади или ќе внесете нови личности во работата. Тоа ќе ви донесе освежување и радост. Исто така ќе се зголеми и кореспонденцијата, а ќе се зголемат и контактите. Размислете за што е потребна комуникација, а што се подразбира.

ЗДРАВЈЕ: Мала нервоза и грижи

ВАГА

ЉУБОВ: Ќе играте на картата на независност, безгрижноста и шармот. Впроче тоа ќе ви оди најдобро од рака во приватниот живот. Ако се потрудите малку поозбилно да разговарате со другата страна, ќе наидете на сопствениот хаос или обратно. Затоа молчете и сакајте.

РАБОТА: Некои ќе веруваат дека имаат посебни таленти, но во судирот во реалноста ќе сватат дека ги немаат. Тоа е причината зашто тие ќе се смеат на самите себеси или ќе претрпат некоја фрустрација. Брзо ќе продолжите со зрелите размислувања.

СОВЕТ: Немојте да бидете материјалисти

СКОРПИЈА

ЉУБОВ: Ќе бидете активни во создавањето контакти, па ако сте сами, брзо ќе пронајдете некого. Младите од овој знак ќе се забавуваат одлично, но без поголеми љубовни претензии. Сите ќе трпат провокации или критики од другата страна.

РАБОТА: Ќе сонувате за поквалитетна работа и поголеми права. Тоа не е невозможно, но прво треба да го завршите она што Ви е дадено за да се сработи. Соработката и понатаму ќе биде клуч за Вашиот успех. Слушајте ги другите, бидете кооперативни, и тие ќе ве поддржат.

СОВЕТ: Игнорирајте ги ситните грижи и нервози.

СТРЕЛЕЦ

ЉУБОВ: Некои од вашите познаници или пријатели би можеле да ви се допаѓаат. Може да се запрашате дали да задржите добро пријателство или да стапите во страсна врска. Како и да е, ако го слушате своето срце, ништо не можете да згрешите. Оние кои што се во врска ќе бидат добри.

РАБОТА: Домашната среќа оваа недела ќе биде вашата главна преокупација. Работата во куќата и деталите во неа ќе се одвиваат спонтано и организирано. Оние кои што одат некаде на работа ќе работат со полна пареа.

СОВЕТ: Анализирајте го своето минато

ЈАРЕЦ

ЉУБОВ: Опуштеност или рамнодушност ќе владее во вашите емотивни односи. Многу парови ќе уживаат без притисок да мораат некому нешто да докажат. Повремено исто така ќе бидете склони на повлекување и криење на емоции, но тоа ќе биде минливо.

РАБОТА: Следејќи го својот пат ќе дојдете до фаза кога ќе треба да бидете услуга за другите. Всушност овие доблести и вредни особини ќе излезат овие денови во прв план бидејќи ситуацијата се развива во таа насока. Ќе им помогнете на многумина околу себе.

ЗДРАВЈЕ: Не штедете се имате енергија.

ВОДОЛИЈА

ЉУБОВ: Интерените настани на кои секојдневно ќе наидувате ќе ги разбудат во вас заспаните сонови за љубовта од бајките. Ќе имате толку многу мотивација што би можело да претерате со излегување и забава но и со љубомората. Немојте да ги запоставите и своите должности на другите области на животот.

РАБОТА: Старата изрека, ако од животот добиете лимон вие од него направите лимонада, ќе важи за вас оваа недела. Ќе ја покажете својата креативна линија и ќе го примените споменатото правило.

ЗДРАВЈЕ: Силата е во вас.

РИБИ

ЉУБОВ: Веројатно малку ќе ви здосади љубовта или барањата на другата страна. Партнерот нема вас најдобро да ве разбере, али обидетесе да му објасните како се чувствувате. Највеќе поради тоа што ова ви е пролазна фаза. Бидете мирни и пронајдете начин да се прилагодите.

РАБОТА: Пред вас е голема прилика за развој на кариерата или за усовршување во струката. Без оглед на надворешните околности, прифатете го она што вам ви се нуди и тргнете кон освојување на нови искуства. Ќе го проширите хоризонтот како никогаш до сега.

ЗДРАВЈЕ: Организирајте патување. Уживајте.