Неделен хороскоп 29.01 – 04.02.2018

Неделен Хороскоп
Неделен Хороскоп

ОВЕН

ЉУБОВ: Ќе ви се чини дека љубовта е далеку од вас. Кај некои тоа ќе биде буквално бидејќи драгата личност ќе биде отсутна. Копнежот ќе зајакне, а со него и чувството за осаменост. Некој мирот ќе го пронајдат со активирање на фантазијата и своите сонови.

РАБОТА: Шефовите би можеле да ја променат својата тактика и затегнат таму каде што најмалку очекувате. Ова вам тешко ќе ви падне. Сепак, морате да ги профатите она што се нуди да прилагодите се како најдобро што знаете. Имајте на ум дека покасно ќе биде подобро.

ЗДРАВЈЕ: Релаксацијата е императив.

БИК

ЉУБОВ: Она што го замислуваш во љубов ќе биде посилно од реалноста, иако реалноста нема да биде лоша. Некои поради тоа ќе живеат во фантазија гледајќи љубовни филмови или сонувајќи на јаве. Ќе има и од оние кои ќе ја чувствуваат сета магија на платонската љубовна врска.

РАБОТА: Со леснотија ке решавате се на што ќе наидете во својата професионална работа. Вашата вродена сериозност овој пат ќе биде промешана со љубезност, па многумина ќе се изненадат како смело ја водите целата работа. Ќе успеете скоро во се.

ЗДРАВЈЕ: Идете таму каде што се чувствувате добро.

БЛИЗНАЦИ

ЉУБОВ: Полека влегувате во драматична фаза кога вашите љубовни прилики ќе ве изненадат. Ако веќе сте во врска може да дојде до обострано заведување. Понекогаш ќе претерувате, но ќе бидете задоволни.

РАБОТА: Ви се отвораат вратите на една соработка која финансиски ветува. Ќе бидете весели поради тоа. Проанализирајте ги сите можности и крените со добар план. Понекогаш ќе бидете збркани, но тоа е само пролазно. Проверувајте ги деталите.

ЗДРАВЈЕ: Верувајте во убаво утре без оглед на се.

РАК

ЉУБОВ: Поврзаноста со саканата личност ќе биде силна со некои далечни и егзотични теми. Пред вас се денови во кои ќе разменувате идеи за се, а тоа и двајцата ќе ве исполнува. Тие кои се сами ќе ја бараат личноста од соништата.

РАБОТА: Во деловните комуникации и контакти избегнувајте отворено покажување на емоции. Тоа е бидејќи некој може да ве доживее како непрофесионална личност, а вие не сте тоа. Внимателно проценете колку чувства треба да покажете.

СОВЕТ: Опуштете се

ЛАВ

ЉУБОВ: Добар развој на љубовиот и друштвениот живот ќе ве охрабри да продолжите понатаму. Многу од вас во својата врска ќе внесат свежина со заминување на некое интересно мест. Тие кои сеуште се сами, треба почесто да излегуваат од дома. Ќе им биде подобро меѓу луѓе.

РАБОТА: Не сте сигурни за своите идеи. Затоа барате нови примери. Некои едностаставно ќе почнат да имитираат личности од својата професија кои им се допаѓаат. Но треба да дојдете до себе и своите специфичности. Позанимавајте се своите цели.

СОВЕТ: Наполнете ги батериите со релаксација.

ДЕВИЦА

ЉУБОВ: Семејните предизвици ќе го окупираат вашето внимание во приватниот живот. Тие кои се во врска ќе балансираат меѓу партнерот и роднините, а со тоа односот со саканата личност малку ќе се влоши. Тие кои се сами ќе останат дома.

РАБОТА: Се повеќе ќе чувствувате работна атмосфера. Најверојатно ќе ги развеселувате другите кога ќе наидат на тешки минути. Некој ќе се жали дека има многу работа, а вие тоа лесно ќе го претворите во шала. Така ќе се поттикнете и себе си и колегите.

СОВЕТ: Недостатокот на енергија надоместете го со добар план.

ВАГА

ЉУБОВ: Оние кои што имаат семејство, најверојатно неделава ќе ја поминат со нив. Оние во парови ќе помине минлив турбулентен период каде што ќе треба да покажат многу толеранција и самоконтрола. Не влегувај во залудни дискусии.. Подобро стрпете се малку.

РАБОТА: Како што поминува неделата, ќе забележите дека станувате покреативни. Затоа ќе започнете да работите со повеќе задоволство. Вашите идеи ќе бидат добро прифатени од младите луѓе. Некои ќе добијат шанса нивните идеи да ги изведат или да ги презентираат пред публиката.

СОВЕТ: Бидете она што сте

СКОРПИЈА

ЉУБОВ: Конечно ќе дојде до подобрување во врската, но се уште повремено ќе доаѓате во искушение за кавги. Наклонетоста ќе биде поголема, но брзината со која што ќе се растажите сеуште ќе биде тука. Затоа, контролирај се и верувај во подобро утре.

РАБОТА: Можностите за развој на кариера ќе бидат тесно поврзани со борбата и стресот. Од вас е да ги оцените силните страни и предностите на противниците и да реагирате реалистично и интелигентно. Важно е да заштедите на вашата сила.

СОВЕТ: После одморот вратете се на работа

СТРЕЛЕЦ

ЉУБОВ: Можно е да Ви недостасува предизвик во вашиот приватен живот. Случувањата кои ги сакате ќе ги снема, затоа немојте да создавате вештачки ситуации. Така влегувате во стапица на илузијата. Прифатете го ова како краток момент и уживајте во ситниците.

РАБОТА: Пред Вас се денови кога најверојатно ќе имате можност да покажете колку сте добри и корисни во вашата работа. Тоа ќе биде добредојден предизвик што ќе го прифатите.
Многумина дури сега ќе сфатат дека имаат уште неколку таленти.

СОВЕТ:  Припазете малку на Вашата желба за акција

ЈАРЕЦ

ЉУБОВ: Имате созреани идеи за тоа како да се забавувате и да заведете некоја личност за која ќе се грижите, така што ќе сторите се да го направите тоа. Веројатно ќе успеете, но ако прифатите компромис и не скокате на било каква провокација. Ќе има и други можности.

РАБОТА: Ништо не е случајно, па ни тоа дека вас ви се случуваат многу работи кои можат да ве збунат. Сепак, тоа не е толку лошо, затоа што полека ги преземате работите во свои раце. Тоа ќе оди постепено. Затоа, не брзајте, туку одете чекор по чекор. Почитувајте ги правилата за работа.

ЗДРАВЈЕ: Подоцна ќе дојде се на свое место.

ВОДОЛИЈА

ЉУБОВ: Ведрина, позитивен дух, шарм и уживање во мали нешта – сите овие работи ќе го одбележат вашиот приватен живот овие денови. Затоа, не грижете многу за ситници, тие не се толку важни. Подобро уживајте во и со тоа што моментално го имате.

РАБОТА: Ќе има премногу желба и недоволна можност за нивното моментално достигнување. Вашите амбиции не се мали, но околностите ќе ве водат до потребната соработка со другите. Времето е добро за планирање на нови потези, но реализацијата може само малку да чека.

ЗДРАВЈЕ: Не бидете нетрпеливи.

РИБИ

ЉУБОВ: Најверојатно ќе се чувствувате осамени или ќе сонувате на нова љубов. Опуштете се и влезете во тишина и медитација. Не очекувајте многу повеќе од она што го имате во моментов. Тоа е најдобриот начин да одржите цврсто статус кво.

РАБОТА: Околностите, луѓето и настаните ќе ви кажат повеќе дека треба да работите на вашиот професионален развој и стручното усовршување. Вие не сте перфекционист по природа, но ќе ги барате сите информации што би можеле да ви помогнат во тоа.

ЗДРАВЈЕ: Вистината е во тоа што Вие верувате.