Неделен Хороскоп 12.02 – 18.02.2018

Неделен Хороскоп
Неделен Хороскоп

ОВЕН

ЉУБОВ: Знаете дека можете повеќе и подобро, но тоа не зависи само од вас. Никој не е совршен, па не е ни вашата најдрага личност. Обидетесе да ја прифатите онаква каква што е и ќе видите дека без непотребни притисоци и барања можете да бидете сосема среќни.

РАБОТА: Вработените во услужните дејности ќе имаат многу работа, додека останатите ќе бидат отворени за помош на другите. Некои ќе се покажат како добри советници, а своето знаење лесно ќе го применат во пракса. Малите несогласувања во комуникацијата ќе бидат пролазни.

ЗДРАВЈЕ: Повремени нервози и мали грижи.

БИК

ЉУБОВ: Ќе се чувстувате како да можете да поместите рид. Саканата личнос ќе ве подржува во се, а и комуникацијата помеѓу вас ќе се подобри. Многумина ќе бидат среќни. Оние кои сеуште се сами обавезно да излезат, ќе наидат на убаво друштво.

РАБОТА: Ќе ви недостасува енергија да направите се што сте планирале, па поради тоа ќе се јави замор и нервоза. Работата треба подобро да се подготви и планира. Немојте да комплицирате, и ќе завршите се.

ЗДРАВЈЕ: Одете во природа или бар прошетајте на чист воздух.

БЛИЗНАЦИ

ЉУБОВ: Љубовното секојдневие еден ден ќе ви се причини како од бајка, а веќе другиот ќе ви стане досадно. Оние кои се во врска ќе треба подобро да го балансират и негуваат совето помнење за да не би заборавиле дека претходниот ден им било сосема совршено.

РАБОТА: Пред вам се нови предизвици кои бараат паметен и внимателен пристап. Истотака ќе треба се повеќе да соработувате со колегите, а често ќе треба да создавате или прифаќате компромиси. Не земајте го тоа за зло, бидејќи повеќе очи повеќе гледаат.

ЗДРАВЈЕ: Најдете малку мир само за себе.

РАК

ЉУБОВ: Најверојатно малку ќе се оддалечите од саканата личност. Ова заладување на односите нема да го сфатите многу сериозно, туку во се ќе наоѓате хумор и позитивен став. Хуморот е здрав, но внимавајте да не претерате со шегите на туѓа сметка.

РАБОТА: Без проблем можете да се потпрете на своите претходни резултати. Некои ќе искористат да одат еден чекор понатаму, а ќе има и такви кои ќе живеат на стара слава.

СОВЕТ: Обезбедете си повеќе време за добар сон.

ЛАВ

ЉУБОВ: Вашиот љубовен живот ќе стане тивок и дискретен. Тие кои се во врска ќе се наоѓаат на обични места каде што се движат секојдневно, додека можноста за излегување на атрактивни случувања ќе биде занемарена. Тие кои се слободни ќе флертуваат со личност од работа.

РАБОТА: Ви изгледа дека сами можете да направите се. Сепак поддршката од другите добро ќе ви дојде. Ќе ја имате, но нема да сметате на неа. Поради тоа препознајте ја на време и искористете ја. Повеќе луѓе ќе постигнат и поголеми резултати.

СОВЕТ: Верувајте во подобро утре

ДЕВИЦА

ЉУБОВ: Потребата за интимност ќе ве направи посилни. Поради тоа многу од тие кои имаат партнери ќе се повлечат во домот и ќе уживаат заедно. Нема многу да излегувате. За тие кои се слободни потребна им е поголема фантазија.

РАБОТА: Отстранете ги големите дилеми кои се појавуваат кога работите не одат како што сте ги замислиле. Можеби се ќе излезе и подобро од што сте очекувале. Работете на својата флексибилност и отвореност. Резултатите стигнуваат.

СОВЕТ: Дозволете си повеќе време за сон и за размислување.

ВАГА

ЉУБОВ: Ќе бидете сигурни во вашите чувства и без оглед на надворешните околности, нема да дозволите ништо да Ви г сврти вниманието од љубовниот пат.

РАБОТА: Како што поминува неделата, се повеќе ќе сфаќате дека оние нематеријални или скриени теми стануваат сè поважни. До крајот на оваа недела, ова ќе ви стане толку важно што ќе ја игнорирате реалноста. Не заборавајте да ја завршите работата.

СОВЕТ: Не претерувајте со медитација.

СКОРПИЈА

ЉУБОВ: Ќе наоѓате љубов на секој чекор и секој ден. Нема да биде потребно ништо посебно за да ја постигнете. Вакви прилики ќе ве разнежнат. Сепак, повремено ќе има несоодветни критики од другата страна. Игнорирајте ги.

РАБОТА: Можеби на прв поглед ќе ви се чини дека Вашето знаење и подготвеност не се вреднуваат онолку колку што треба. Меѓутоа, во вториот дел од неделата ќе станувате се попотребни на оние со кои што работите. Не размислувајте премногу, едноставно работете.

СОВЕТ: Подобро е да се верува, отколку да се сомневате.

СТРЕЛЕЦ

ЉУБОВ: Заедно со саканата личност, ќе доживеете интересни искуства во кои што и двајцата ќе откриете нешто ново. Ќе разберете не само дека го/ја сакате, туку исто така дека споделувате многу заеднички работи. Оние кои што не се во врска, бидете подготвени за нови искуства.

РАБОТА: Вработените кои што се самовработени ќе мора да остануваат прекувремено на работа за да ја постигнат работата, но и останатите кои што работат во приватни фирми ќе бидат премногу зафатени со работа и ќе немаат време дури ниту за размислување, ниту за согледување на својата позиција. Воглавно работите се добри се додека имате работа

СОВЕТ: Не заборавајте на редовниот сон и одмор.

ЈАРЕЦ

ЉУБОВ: Во текот на оваа недела вашите емотивни односи ќе се подобрат, а вие ќе бидете поблаги и подискретни. Саканата личност повторно ќе ве посипува со нежност, а вие ќе и возвраќате со иста мера. Осамените ќе имаат се повеќе додворувачи, но нема да биде сензација. Се се одвива тивко.

РАБОТА: Конечно можете се во врска со работата да го согледате во целина. Тоа вам ќе ви го разбистри погледот и ќе го дефинира планот за поантака. Контакти ќе има многу но многу од тоа зависи од вас. Ќе чувстувате тежина и одговроност но ќе работите добро.

СОВЕТ: Започнете поздрава исхрана.

ВОДОЛИЈА

ЉУБОВ: Повеќето од овие денови ви поминуваат во осаменост или сонување. Ако сте во врска, ќе имате недоразбирања со партнерот. Можностите за љубов многу често ве заобиколуваат. Не бидете тажни, затоа што оваа фаза наскоро ќе помине. Се е на свое место.

РАБОТА: Најверојатно ќе излезете во прв план. На вас останува да работите и да покажете што знаете . Околностите, луѓето и настаните ви одат од рака. Многумина ќе ја добијат онаа можност кога долго ја посакуваат. Некои одговори сеуште ќе недостасуваат, но ќе дојдат подоцна.

СОВЕТ: Започнете часови јога и медитација.

РИБИ

ЉУБОВ: Мали фрустрации ќе бидат од незначителен карактер, и ќе ги компензирате со добри влијанија во другите области од животот. Многумина ќе избегаат накратко кон својот бизнис или пријателство, но меѓу нив и нивните партнери сè е во ред.

РАБОТА: Вие сте нервозни кога треба да соработувате и да комуницирате со другите. Најмногу поради тоа што не прават сè професионално. Сфатете дека не се сите како вас отворени и иновативни и дека некогаш на некого треба да му прогледате низ прсти.

СОВЕТ: Живеете во својот свет на имагинација.