11 дена од гробот на девојката се слушале звуци: Кога го отвориле виделе дека телото е топло (видео)

Девојката имала повреди на рацете и главата, за кои се претпоставува дека настанале за време на нејзините обиди да излезе.

37 годишната Росанхелба Алмеида дос Сантос од Бразил е закопана по грешка. После 11 дена викање, барање помош и правење обиди да излезе од таму, таа починала.

Во болницата Росангела е прогласена мртва на 28 јануари, а утредента е погребана. Луѓето кои живеат во непосредна близина на гробиштата им се јавиле на нејзините роднини да им кажат дека од гробот се слуша викање и удирање.

Додека да го отворат гробот, Росанхела починала. Нејзиното тело било свртено и сеуште топло, а имала и повреди по рацете и главата за кои се претпоставува дека настанале за време на нејзините обиди за да излезе.

Семејството верува дека по грешка е прогласена за мртва и тој случај го пријавиле во полиција. Нејзината сестра Изамата кажала дека несака да обвини ниту еден доктор, дека несака да прави проблеми, но и дека е невозможно некој и после 11 дена да биде топол.

Полицијата земала изјави од членовите на семејството и од другите луѓе и навеле дека доколку биде неопходно, телото на Росалхена може повтортно да биде извадено за да се утврди што навистина се случило.

Шефот на болницата во која е прогласена за мртва истакнал дека ќе ги обезбеди сите потребни информации кои од нив ги барале членовите на семејството и државните органи.

Loading...