13 годишно девојче извршило самоубисто поради серија?: Еден ден преходно на училиште направила нешто морничаво

Еден ден пред самоубиството, тинејџерката Лили Ме Шарп се преправала дека се обесила во училишниот тоалет, а инспирирана била од контаверзната Нетфликс серија.

Таа често зборувала за серија “13 причини зашто” во која се збори за депресијата, самоубиствените мисли на тинејџерите и осветата, но според зборовите на некои психолози тука е претставено славењето на самоубиството.

“Таа ја гледаше серијата 13 причини зашто и мислам дека самиот чин на нејзиното самоубиство е сличен на случувањата во серијата” изјавила мајката на тинејџерката

Нејзиниот татко, Дејвид Престон кажал дека претходно организирал советување за ќерката, откако му се пожалила дека е загрижена за иднината.

Наставникот Џон Лејг изјавил дека сфатил дека инцидентот на оваа тинејџерка, која го направила во училиштето, е порврзан со телевизиската серија која ја следат тинејџерите.

Шест дена пред смртта Лили разговарала со училишниот советник, Ален Мур на кој му кажала дека е среќна.

“Кога станува збор за лили, немаше очигледна форма на вознемирувачко однесување, изгледаше сречно, се однесуваше нормално и нема знаци поради кои треба да се предупредат семејството и пријателите” кажува Мур

Loading...