Бездомник замолил млада богаташка да го препаркира Поршето од тротоарот каде што спие. Нејзиниот потег ја разбесни Америка

Huffington post

Младата богата Американка Кејт Квекенбуш (26) од Нешвил, Тексас ладникрвно испукала два куршуми во бездомник кој се пожалил на издувните гасови од нејзиниот автомобил.

Инцидентот се случил на 26 август кога Кејт со своите пријателки била во луксузниот автомобил. Бездомникот кој спиел на тротоарот побарал од Кејт да го помести своето бело Порше.

Тие почнале да се расправаат поле што Мрлтон се вратил назад да спие. Квекенбуш наводно отишла до автомобилот, извадила пиштол и испукала два куршуми, од кои едниот завршил во стомакот на бездомникот, наведува Huffington post.

Кејт е оптужена за обид за убиство. Таткото на осомничената ја правда својата ќерка и тврди дека бездомникот настапил агресивно кон неа и нејзините пријателки.

“Две жени дејствуваа во самоодбрана. Човекот не спиел како што тврди. Прво дошол до групата малди девојки и скоро нападнал една. Тогаш дошол до Поршето со две жени и им се заканил и им кажал дека нивната музика е премногу гласна и дека сака да спие. Возачот испукал еден куршум како предупредување и да го исплаши. Но тој и понатаму ги вознемирувал. Тогаш таа испукала еден куршум, влегле брзо во колата и побегнале, незнаејќи дека човекот е ранет. Потоа девојките викнале полиција и соработуваат со нив” изјавил Џеси, таткото на Кејт, додавајќи дека неговата ќерка не направила ништо случно порано и дека нејзините пријателки се сведоци.

Меѓуто судските податоци покажуваат дека иако Кејт не е осудувана до сега, два пати е оптужена за напад. Еднаш во октомври 2013 година е уапсена поради напад во семејството, а вторпат во декември минатата година поради прекршочен напад, пренесува Huffington post.

Кејт моментално е во затвор и ѝ е одредена кауција од 25.000 долари