Брат и сестра боледуваат од ист вид на тумор и делат иста болничка соба: “Никогаш нема да бидете сами”

Момчето и девојчето се снимени кон крајот на јануари во нивната болничка соба во Отава откако докторите му соопштиле на семејството дека туморот кој го има Џејкоб е неизлечлив.

“Џејкоб и Софија, ве сакам. жал ми е што животот ви го приреди ова, но ќе бидам со вас постојано. Никогаш нема да останете сами” напишала трогателна објава под фотографијата на Фејсбук, канаѓанката Лилијан Хајер, мајка на 14 годишниот син и 5 годишната ќерка кои заедно се лечат од ист вид на тумор.

Thank you for all your prayers. We hear them, we see them, we feel them. Around midnight we got a call that this could…

Posted by Liliane Hajjar on Friday, January 26, 2018

Момчето и девојчето се снимени кон крајот на јануари во нивната болничка соба во Отава откако докторите му соопштиле на семејството дека туморот кој го има Џејкоб е неизлечлив и да се подготват за најлошото.

Во меѓувреме Џејкоб е опериран и добро заздравува.

Туморот од кој боледуваат братот и сестрата предизвикува генетска мутација поради која заболувањето може да биде многу агресивно. Џејкоб имал само 5 години кога му е дијагнозирана оваа болест. Тој поминал агресивно лечење поради кое го изгубил видот на едното око, а на едното уво го изгубил слухот. После 10 месеци докторите утврдиле дека туморот исчезнал. После тоа целото семество било на тестирање со кое е утврдено дека имаат ген проблематичен гин кој е причина за болеста на Џејкоб.

Кај неговиот 7 годишен брат Лијам, овој ген не е пронајден, но го потврдиле кај неговата помлада сестра Софија.

Уште од раѓање е под постојана контрола од докторите, а во 2016 година и е дијагнозиран истиот вид на тумор како и кај Џејкоб и тоа на истото место во мозокот. Семејството морало да ја преживува истата агонија. Иако туморот во мозокот е успешно опериран, набрзо откриле дека кај Џејкоб се појавил на бубрезите. За да биде уште потешка ситуацијата, во наредната недела нов тумор е утврден и кај Софија.

“Ова е најтажната фотографија која сум ја видела. Скршена сум, сите сме. Не замислував ваков живот за нив, но ќе бидеме со нив во секој момент” напишала нивната мајка на Фејсбук.

На веб страната GoFundMe започнале акција за собирање пари кои ќе бидат наменети за нивно лекување.

Loading...