Лажен доктор заразил повеќе од 20 лица со ХИВ вирус

Еден маж кој што се преставувал како доктор кој што ги лечел сиромашните на северот од Индија, намерно заразил над 20 лица со ХИВ вирус.

Тој ги заразил со помош на контаминирани игли и шприцови, кои што им ги ставал на пациентите наводно за да ги излечи од грип и настинки.

 

Како што наведуваат од полицијата на Дејли Мејл , моментално трагаат по овој маж кој што намерно ги зарaзил овие лица во Декември минатата година.

Мештаните изјавиле дека го гледале лажниот доктор дека многу ретко ги менувал иглите и најверојатно тоа довело до ширење на вирусот. До истрагата дошло откако во малото градче Бангарму пораснал бројот на заболени од ХИВ.