Монструм провалил во старечки дом и силувал 96 годишна баба

Photo: Pixabay.com

24 годишниот Џејк Морис провалил во дом за стари лица и силувал 96 годишна баба, а покрај тоа што сексуално ја злоупотребил тој и ја искршил и вилицата – пишува британскиот Dailystar.

Полицијата соопштила дека двајца вработени во старечкиот дом откако виделе скршен прозорец се посомневале дека нешто се случило околу 7 часот на 28 Јануари минатата година. За брзо време пронашле уште две места на кражба, како и отисци од калливи стопала и трева на подот. Веднаш откако го забележале тоа ја повикале полицијата. Откако полицијата дошла на лице место во близина на старечкиот дом приметиле момче како претура по куфери, но кога сакале да го идентификуваат тој им побегнал. Две недели подоцна полицијата успеала да го идентификува крадецот т.е Џејк Морис.

Морис на почетокот од судењето го отфрлал обвиниението дека ја силувал старицата, но додека траела судската постапка тој го променил својот исказ. Признал силување, нанесување на тешки телесни повреди и кражба на други 3 куфери.

Морис после една година од своето кривично дело добил затворска казна од 6 години.

Според зборовите на Енди Партингтон, детективот кој што го водел овој случај, Морис ја искористил шансата да нападне член на друштвото кој што е најранлив. Според зборовите на Партингтон за Морис нема место во друштвото. ТОј исто така додал дека жртвата и нејзиното семејство може да бидат спокојни, бидејќи сторителот е зад решетки.