Поради една јога вежба 4-годишно девојче останало парализирано (видео)

Едно четиригодишно девојче од Кина останало парализирано откако на часот по танцување направила една јога вежба.

На снимката од безбедносните камери се гледа како девојчето се обидува да направи мост, но во еден момент паѓа на подот и веќе неможе да ги движи нозете.

Часот по танц се одржувал во еден танцувачки клуб кој немал лиценца за работа. После падот девојчето останало без свест и веднаш е однесено во болница.

Неврохирургот др. Куи Лин од детската болница во Женшоу кажал дека 4-годишното девојче доживеало тешка повреда при обидот да направи тешко движење без надзор на инструкторот за танц.

“Повредата не изгледа добро. Големи се шансите за долниот дел од телото на девојчето да остане парализиран за целиот живот” кажал докторот.

Дури после повредата на девојчето, нејзините родители дознале дека инструкторот немал никаков сертификат за работа и дека не е доволно квалификуван за работа со деца.

Loading...