Преживеал напади од ајкули, мечки и змии, а има само 20 години (вознемирувачко фото+видео)

Еден млад Американец неодамна преживеал напад од ајкула додека сурфал на Хаваите, но тоа не му била прва средба со диви животни. Покрај нападот од ајкула, ова 20-годишно момче преживело и напад од мечка, а претходно бил гризнат од змија.

Дилан Меквилијамс сурфал на Хаваи кога од длабочините се појавила тигреста ајкула со должина помеѓу 1,8 и 2,4 метри и го гризнала за ногата. МекВилијамс е инструктор за преживување, па покрај тешката повреда успеал да плива 30 метри до брегот.

Човек кој поминувал го видел нападот и повикал брза помош. Во болницата му ги санирале повредите и добил неколку конци.

“Незнаев дека останав без половина нога” кажало момчето после несреќата, пренесува Mirror.

Posted by Dylan McWilliams on Sunday, July 16, 2017

Нападот од ајкула, е трет напад во период од четири години во кои МекВилијамс имал блиски средби со диви животни кои биле опасни по живот. Минатата година додека спиел во летен камп во Колорадо, бил нападнат од мечка и му била изгризана главата. Успеал да се одбрани така што ја удирал мечката по глава и во око, па мечката се тргнала и успеал да се ослободи.

“Едноставно бев на погрешно место во погрешно време” објаснува.

Неколку години претходно додека се ѓетал по планина го каснала змија. За среќа не бил силно каснат па успеал да се спаси од смртоносниот отров.

“Незнам дали имам среќа, или па воопшто ја немам” изјавил Меквилијамс.