Првиот бакнеж од нејзиниот нов дечко беше фатален: “Умре многу брзо после него” (Фото)

Бакнеж

Мирјам Дукре Лемај се заљуби само неколку дена пред да го загуби својот живот. Првиот бакнеж од нејзиниот нов дечко ја чинеше живот, иако ни тој самиот не бил свесен и немал никаква намера да ја повреди.

Мирјам (21) од Монтреал почина од алергиска реакција од кикирики. Нејзининото момче пред да легне покрај нејзе, изел сендвич со путер од кикирики, по што се вратил во кревет и ја бакнал Мирјам. Дечкото не и кажал што јадел, но не знаел ни самиот тој за нејзината алергија.

Posted by Mimi DL on Wednesday, September 19, 2012

“За жал, Мирјам немала време да му каже на што е алергична”, изјави нејзината мајка Мишелин Дукре. Набрзо, по фаталниот бакнеж, Мирјам доживеала бурна и јака алергиска реакција. Момчето повика брзо помош во истиот момент, тие пристигнаа за неколку минути, но тоа за Мирјам веќе беше доцна. Ја пренесоа во болница, а докторите неможе ништо повеќе да направат.

Неколку дена пред трагедијата, Мирјам и кажа на својата мајка дека е многу заљубена. “Тоа беше прв пат да ги видам нејзинити очи исполенти со сјај”, изјави нејзината мајка. Во врска со смртта на својата ќерка, која се случила дури во 2012 година, Мишелин се одлучи дури сега да проговори и да ја предупреди јавноста за тоа колку можат да бидат опасни овие алергии.

Posted by Mimi DL on Monday, September 10, 2012

Мишелин предупреди исто така дека личностите со слични проблеми како нејзината ќерка, мораат секогаш и во секој момент со себе да си носат соодветни медицински препарати, во нејзиниот случај епипен, затоа што никогаш не се знае кога ќе им затреба. “Да го носеше со себе епипенот, денес Мирјам ќе беше жива и здрава. Нејзиниот живот зависеше од тоа мало нешто. Неможам да се помирам со тоа”.

Траги од алергени можат да останат во плунката до 4 часа по јадењето на храната. Затоа е многу важно за личностите со алергии, да ги известат пријателите со кои дружат или искачаат, дека имаат таква алергија и како да реагираат доколку доживеат алергиска реакција.

Loading...