Сакал да направи селфи со возот кој се доближува: Следел страшен удар… (видео)

printscreen Youtube

Индиецот Шива имал навистина среќа откако го направил најризичното селфи во животот.

Момчето од Хадерабад сакало да направи селфи на шините кога возот почнал да му се доближува. Шива заоволно се насмеал покажувајќи со прстот кон возот, а само неколку секунди подоцна тој е удрен од возот.

Од ударот, Индиецот заработил потрес на мозокот и нагмечување на черепот, а на никој во болницата не му е јасно како успеал да преживее.

После страшниот удар минувачите дошле до момчето за да му помогнат и повикале брза помош.

Според пишувањето на порталот NDTV, во периодот од март 2014 до септември 2016 година, околу 60% од смртните случаи кои се случиле при снимање селфи се од Индија.

Loading...