Се породила со 3,5 промили алкохол во крвта. Бебето во опасност!

Photo: Pixabay.com

Една 32 годишна жена од Полска се породила со девојче во нејзиниот дом. Во моментот на породувањето таа била сама дома и била премногу пијана. Иако бебето било родено предвреме, таа не повикала брза помош. За среќа комшиите го слушнале плачот на бебето и веднаш повикале брза помош која што откако стигнала бебето и мајката ги префрлиле во болница.

Во болницата на мајката и биле измерени 3.5 промили алкохол во крвта, а на бебто дури 1,7 промили. Откако жената се отрезнила избегала од болницата, а сега од полицијата трагаат по нејзе и нејзиниот маж.

Photo: Pixabay.com
loading...

– За кривичното дело што го има направено мајката т.е изложување на животна опасност на детето, на мајката и се закануа затворска казна од 5 години. изјавил Марчин Кубјак портпарол на обивинителството за полската телевизија TVN24.

Судот ќе одлучи дали ќе и го одземе бебето на мајката, штом лекарите се изјаснат дека детето е во ред и може да ја напушти болницата.

На истата мајка судот досега и има одземено два сина, едниот моментално има 11 години, а другиот 2 години.

 

loading...