Секс во гаража ги чинел живот – Било ладно па го запалиле автомобилот

автомобил
Секс во гаража ги чинел живот - Било ладно па го запалиле автомобилот

Чудна несреќа го потресе германскиот град Ботроп, откако полицијата ги пронашла телата на несреќните љубовници. Изгледа дека поради студ го запалиле автомобилот во гаражата и се затруле од јаглерод моноксид.

Форензичарите заклучиле дека станува збор за несреќа, но за да ги отфрлат своите други сомнежи, ќе направат и биопсија на телата. Нема траги од насилство, а нивото на јаглерод моноксид во крвта треба дополнително да се утврди иако се укажува на труење од гас.

Маж (39) и жена (44) во автомобилот биле пронајдени разголени во заклучена гаража. Истражувачите тврдат дека на парот му засдудело поради што го покренале моторот на автомобилот кој останал вклучен со часови.

Отровниот гас во преголема количина дошол до нив, поради што се загушиле.

Loading...