Силувал и убил 6 годишно девојче, во затвор го чекала казната

Кајли Мебјруи
Кајли Мебјруи

74 годишниот Грегори Кит Дејвис од Австралија пред 33 години го силувал и убил 6 годишното девојче Кајли Мејбури. 32 години полицијата трагала по убиецот на Кајли, но минатата година конечно го пронашла виновникот.

Грегори на суд признал дека на 6 Ноември 1984 година прво ја силувал па ја убил малата Кајли. Откако било докажано дека тој е убиецот бил веднаш однесен во затвор, но таму го дочекала вистинската казна. Казна за која што монструмот вечно ќе ја памети. На Грегори му била истурена жешка вода во пределот на препоните и половиот орган.

Кајли Мебјруи Погреб
Кајли Мебјруи Погреб

Адвокатот на Грегори моментално бара судењето да се одложи затоа што Грегори трпел големи болки и му било пресадувана кожа. Адвокатот алудира на тоа Грегори да се извади од затвор затоа што наводно сега имал психички проблеми откако го попариле.

Судијата го одложил судењето за 29 Ноември оваа година.

 

Loading...