СТРАШНО: Деца убиле бездомник – на “шала” жив го запалиле

Според италијанската полиција, тинејџери на возраст од 13 и 17 години се главни осомничени за убиството на бездомникот кој е жив запален во близина на Верона.

Во локалниот весник „Arena di Verona“ се наведува дека младото момче на полицијата и кажало дека не планирале да го убијат тој човек, дека тоа требало да биде шега.

64 годишниот Ахмед Фдил, жив е сапален во автомобил на 13 декември во градот Зевио, јужно од Верона.

Loading...

Во весникот се наведува дека сведокот Џино Капо, на државната телевизија RAI изјавил дека видел запален автомобил, но не успеал да го спаси човекот кој бил во него.

“Да гледате како некој умира навистина е ужасно. Да видите како гори, а сеуште е жив…” кажал Капо.

Децата неколку дена пред да го запалат Фдил, му фрлале петарди и го малтретирале.