Уште една порно глумица пронајдена мртва. Имала само 20 години

Olivia Nova

Моделот и порно глумица Оливија Нова е пронајдена мртва во нејзиниот стан, а нејзината смрт ги изненади сите. Таа имала само 20 години.

– Иако во Direct Models беше кратко време, свативме дека Оливија е прекрасна девојка со убава насмевка и нежно лице. Уште една премлада… Во шок сме навистина не ни помислувавме на вакво нешто. Почивај во мир, сладок ангелу. – напишал нејзиниот агент.

Нова била премногу активна на социјалните мрежи, а нејзиниот твитер профил го следеле над 20.000 луѓе.

Loading...

За време на Божиќ таа оставила малку страшна порака на совјот Твитер профил,а тоа е дека е осамена.

После одморот за божиќните празници таа не се вратила на снимање, па затоа нејзиниот агент решил да оди и да ја посети. Тој ја пронашол мртва, а од полицијата засега кажуваат дека најверојатно станува збор за самоубиство.

Нова со манекенство почнала да се занимава од свои 12 години, а во 2017 решила да влезе во порно индустријата. Ова е четврта смрт на порно глумица во последниве неколку месеци. Шејла Стајлс почина на 35 години во Ноември, Август Ејмс на 23 години почина на почетокот на Декември месец откако се обеси, а две недели подоцна почина и Јури Бертлан на 31 година.