Ужасна снимка: Лав нападна човек, го влечел по тревата, па завршил во болница (видео)

Основачот на приватниот резерват за животни во Јужна Африка е ко критична состојба откако бил нападнат од лав пред очите на неколку набљудувачи.

Човекот за кој се претпоставува дека е британски државјанин, е нападнат во заграден простор во кој се наоѓал лавот во Лимпопу, Јужна Африка.

На вознемирувачкото видео може да се види како човекот влегува во заградениот простор. Тој мирно се шета се до моментот кога забележал дека животното трча кон него. Почнал да бега и стигнал до оградата, но нажалост било доцна.

Несреќниот човек молел за помош, а откако се слушнале неколку пукања, животното го пуштило човекот.

Локалната полиција изгавила дека жртвата моментално е во болница со тешки повреди.