Вознемирувачко фото: Од салон за убавина завршила директно во болница

Photo: Pixabay.com

Доколку и Вие мислите дека доградбата на ноктите е само една обична работа која што нема никаков несакан ефект по Вашето здравје, страшно се лажете.

Во истото тоа верувала и Лорејн Вилсон од Велс која што ја научила лекцијата на потешкиот и поболниот начин. Поради бактеријата која што ја добила откако и биле надградени ноктите таа можела да заврши без палец.

loading...

Posted by Lowrianne Wilson on Wednesday, January 24, 2018

Лорејн која што е мајка на 4 деца решила да направи надградба на ноктите па отишла во локалниот салон за убавина. Откако и била направена надградбата таа си заминала дома. Следните два дена таа чувствувала како палецот и пулсира и се решила да оди на доктор за да се провери. Докторот ја упатил Лорејн веднаш да оди во салонот и да и ја извадат надградбата. Откако Лорејн отишла во салонот одтаму несакале да ја извадат надградбата и ја упатиле доколку сака да оди во болница.

– Отидов во салонот, но они го одбија моето барање да ми ја извадат надградбата и на крајот морав пак да одам во болница на операција. Инфекцијата беше толку одвратна што мораа да ми го чистат ткивото испод ноктот . – изјавила Лорејн

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО

.
.
.

Posted by Lowrianne Wilson on Monday, January 29, 2018

Моментално Лорејн пие антибиотици, но и понатаму чувствува големи болки. Како што таа кажува избегнала ампутација на прстот во последен час.

За несреќата да биде поголема , таа поради целата ситуација останала и без работа.

– Пред тоа слушав дека акрилните нокти се лоши, но тоа беа само приказни се додека не почувствував на моја кожа.

 

loading...