Академик шокираше: “Ное пред потопот го повикал син му преку мобилен телефон” (Видео)

Ное
Академик шокираше: "Ное пред потопот го повикал син му преку мобилен телефон"

Yavuz Örnek на прашањето да даде докази, почнал да го цитира Куранот. Овој турски академик предизвикал бурни реакции. Луѓето велат дека не му веруваат и го осудуваат поради неговите тврдења.

Yavuz Örnek, турскиот академик на 6-ти Јануари гостувал на емисија на телевизијата ТРТ1 во која тврдел дека технологијата пред 10.000 години била многу понапредна отколку денес.

Изјавил дека Ное арката ја изградил од челик и дека користел нуклеарна енергија како гориво. Örnek во емисијата тврдел дека Ное користел мобилен телефон за да го убеди својот син да се качи на арката. Örnek истотака кажал дека Ное на арката не внел живи животни туку дека во арката ставил јајца од сите суштества.

Loading...

Водителката и Ömer Faruk Harman префесор по технологија кој бил втор гостин во студиото посакале од Örnek да им покаже докази, а тој тогаш почнал да го цитира Куранот.

– Биле бранови високи 300-400 метри и синот на Ное бил километри даелку. Куранот вели дека Ное разговарал со својот син, но како комуницирале? Тоа очигледно било чудо. Верувам дека комуницирале преку мобилен телефон. Јас сум научник, јас говорам во име на науката – изјавил Örnek.

Публиката во емисијата реагирала главно негативно. Водителката Pelin Çift изјавила дека била скептична како и добар дел од гледачите.