Ако станувате во 6,7 или 8, еве кога мора да легнете за да се разбудите одморени!

Ако станувате во 6,7 или 8, еве кога мора да легнете за да се разбудите одморени!

Дали ви е познато чувството кога ќе легнете порано во кревет за да се наспиете, а потоа утрото се будите уште поуморни?

Изгледа дека клучот е во тоа кога точно идете на спиење.

Имено, се појави калкулатор за спиење, кој, врз основа на формулата и податоците од медицината, пресметува во колку точно часот треба да легнете за да станете наутро одморени.

Овој калкулатор се базира на циклуси на спиење, а не на бројот на часови. Човекот во текот на ноќта поминува во пет или шест циклуси во траење од околу 90 минути, но доколку го разбуди аларм во средината на циклусот на спиење, се јавува чувство на замор.

Пресметката оди вака: ако, на пример, треба да станете во 7 наутро, треба да легнете во 21:46 или 23:16.

Ако сепак, останете будни подолго, легнете во 00:46 или 2:16 часот.

Ако станувате во 6 часот наутро, правилно време да се оди во кревет е 20:46, 22:16 и 23:46, но ако ги прескокнете овие услови, тогаш правилно време е 1:16.

Ако станувате дури во 8 наутро, треба да си легнете во 22:46, 00:16, 01:46 или 03:16.

Оние кои не стануваат во полни часови, на пример во 6:35, можат да си легнат во 21:21, 22:51, 00:21 или 01:51 часот.

Дозволете ни да додадеме дека калкулаторот го пресметува и фактот дека ни треба во просек до 14 минути за да заспиеме природно, затоа нема потреба до минута точно да сте во кревет.

Loading...