НАСА објави спектакуларни снимки од Јупитер (Видео)

Јуно леталото на НАСА неодамна снимило фасцинантни фотографии од Јупитер.

Фотографиите се обработуваат во посебни програми во кои што освен што се избиструваат им се додаваат и бои. Насловната фотографија многу потсетува на сликите на Ван Гог, а нив ги направиле граѓанските научници Џералд Аистад и Шон Доран, врз основа на необработените податоци од Јунокам.

loading...

Боите на фотографијата не се воопшто верни, на пример врвовите на облаците на Јупитер доколку летало би летало врз нив не би требало да изгледаат сино. Сепак, обработката ви овозможува да ги видите контурите на атмосферата на Јупитер, кои во многу снимки не се толку јасни.

– Јупитер е убав и посебен и доколку му се доближите тој ќе биде вашиот крај. – напишал на Твитер британскиот графичар Шон Доран кој веќе подолго време волонтерски се занимава со обработка на фотографии за НАСА.

Леталото Јуно фотографиите ги направил на 16 декември 2017, кога од облаците бил оддалечен 13.345 км што е за малку повеќе од радиусот на земјата.

На сличен начин се обработувани и фотографиите од Сатурн, кои што ги сними леталото Касини.

Леталото Јуно е вредно милијарда долари, а лансирано е во 2011 година.

loading...