НАСА во последен момент откриле дека вечерва покрај земјата ќе помине астероид

Американската агенција НАСА открила дека астероид вечерва ќе помине покрај земјата на одалеченост од околу 64.000 километри од нашата планета.

Астероидот именуван како 2018 CB е откриен од страна на НАСА во неделата, а е со размер од 15-40 метри.

Може да се напомене дека овој астероид е за два пати поголем од астероидот кој што направи огромна штета во Руското место Челјабинск кога падна во 2013 година.

За среќа овој астероид засега не е закана за земјата иако од НАСА кажуваат дека тој се движи со огромна брзина. Од нАСА јавуваат дека следен астероид кој што ќе помине близу земјата е астероидот 2017 VR12 кој што покрај планетата земја ќе помине на 7 март.