За првпат во последните 150 години: Сина и Крвава Месечина ќе се поклопат на 31 Јануари

Една ноќ претходно, Месечината ќе дојде до точката кога ќе биде најблиску до Земјата, а со тоа ќе го обележи и второто доаѓање на Супер Месечина оваа година.

На крајот од јануари, љубителите на вселенските промени ќе бидат во можност да видат уникатен феномен, односно Сина Месечина.

Тоа ќе биде втора полна Месечина од почетокот на годината и ќе се случи на 31 Јануари, но во текот на 2018 година ќе има две Сини Месечини, пренесува Daily Mail.

Loading...

На 31 Јануари ќе се случи целосно затемнување на Месечината и поради тоа таа ќе добие црвена боја, а тоа е познато како Крвава Месечина.

Целосното затемнување на Месечината кое ќе се случи на 31 Јануари, ќе биде прво такво случивање во последните 150 години, бидејќи тогаш ќе се поклопи со Сината Месечина, пренесува Space.com.

Некои оваа појава ја нарекле Супер Сина Крвава Месечина. За време на Сината Месечина, таа не е навистина во сина боја. Тоа значува дека тоа е втора полна Месечина која се појавува во текот на еден месец. Тогаш Месечината ја менува бојата, а таа не е баш сина.

За време на затемнувањето на Месечината, Земјата ќе се наоѓа помеѓу Сонцето и Месечината и ќе ја блокира светлината која доаѓа од површината на Месечината.

Таа прави сенка на месечината, па поради тоа таа добива црвена или портокалова боја. Ова случување на небото може да го видат луѓето од западната страна на САД, Алјаска и Хаваи, како и Британска колумбија, пренесува НАСА. Од овие места затемнувањето ќе може да се следи од почетокот до крајот.

Следната Сина Месечина ќе се случи на 31 Март.