“Бев зависна од секс од 12 годишна возраст и смислував мрачни методи: После 20-тата година мојот живот целосно се промени, еве како”

pixabay

Ерика Гарсија (35) се “навлекла” на порнографија уште кога имала 12 години и од тогаш организирала секс забави на кои имала односи со различни мажи, а понекогаш и до четири пати неделно.

За своите искуства и зависност напишала книга, а за решавањето на проблемите помогнал нејзиниот сегашен сопруг. Во книгата “Соблекување” опишува дека како девојче кое било одгледано според строгите католички правила, станала хаотична тинејџерка зависна од секс и порнографија.

pixabay

“После една година редовен секс со различни мажи имав чувство на мешавина од срам и сексуално возбудување. Моите методи за да дојдам до секс стануваа с помрачни и поинтензивни и почнуваа да ги уништуваат сите аспекти на мојот живот” напишала во книгата.

Loading...

Нејзините сексуални навики започнале додека се обидувала да се вклопи во средното училиште во Лос Анџелес. Во училиштето ја исмејувале бидејќи поради сколиоза носела протеза за рбетот, па утеха наоѓала во гледање на “soft porn” филмови на кабловската телевизија.

Кога навлегла во тинејџерските години, технологијата напредувала па преку интернет можела да најде порнографија секаде и во секое време. Таа кажува дека сеуште ја памети порно снимката на Памела Андерсон и Томи Лиј која е објавена во 1997 година. Тогаш имала 15 години.

pixabay

“Ќе се сокриев со компјутерот, а дополнително ме возбудуваше фактот тека некој може неоѓекувано да ме види”.

Невиноста ја изгубила кога имала 17 години и од тогаш почнала многу често да има секс.

“Ако не ми беше пријатно со личноста со која имав секс, само ќе пуштев некој порно филм за да ми го одвлече вниманието. Тоа ми беше олеснување бидејќи со сексот немораше да делиме емоции.” кажува таа.

После завршувањто на факултетот почнала да има груб секс, а се преселувала во Њујорк, Лондон и Хаваи. Имала секс секаде и без кондом. Почнала да обожава “hardcore”, а посебно уживала во сексуалните игри во кои повеќето мажи доминираат над жената и ја омаловажуваат.

“После тоа ќе се чувствував скршено и празно, но и добро бидејќи ги искористував мажите како што ме искористуваа и тие мене.” признава. При навлегување во 30-тата година и станало јасно дека поради својата опсесија неможе да оствари нормален однос со маж. На патот за Бали таа го запознала својот денешен сопруг кој целосно ја променил. На почетокот заедно гледале порнографија, а тој барал да му кажува зошто е толку опседната со тоа.

“За првпат почувствував некаква сигурност бидејќи никогаш и никој ми нема така пристапено. Конечно можев да открија која сум” кажува. Во Лос Анџелес започнала со одвикнување, но тоа не и помогнало многу. Но со помош на сопругот, јога и психотерапија успеала да престане да гледа порно филмови цели шест месеци. Сега тоа го прави само понекогаш.

“Сега знам дека не сум единствена и понекогаш тоа е во ред. Само сакав да не го чувствувам тој ужасен срам и успеав” кажува Ерика.