Биле во врска една година, а незнаела дека нејзиното момче всушност е жена

Ванг Ки (41) е разведена мајка од Кина која се шокирала откако дознала дека нејзиното момче со кое била во врска повеќе од една година, исчезнало. Тогаш дознала дека тој всушност е жена.

Парот се запознал на интернет во 2016 година и почнале да се забавуваат во јуни истата година.

Жената се претставувала како Киан и ја уверила Ванг дека е маж. Ванг не била сигурна за почеток на нова врска бидејќи е разведена и има дете, но Киан била упорна.

Во 2017 година парот почнал да живее заедно и Киан ја однела Ванг во својот роден град каде што ја запознала со родителите.

Иако спиеле во ист кревет, тие немале секс бидејќи се чувале за бракот. Киан во ноември 2017 година исчезнала без објаснување. Ванг, уверена дека Киан е маж, мислела дека ја оставил поради друга жена.

Киан на Ванг и потрошила околу 46.500 долари.

Ванг почнала да истражува и ја нашла Киан на социјалните мрежи. Видела дека тука се претставува како жена, па почнала да ја преиспитува својата врска.

“Киан изгледаше како маж. Секогаш го користеше машкиот тоалет” кажува Ванг.

Таа отишла кај родителите на исчезнатата девојка. Тие и кажале дека Киан уште како дете сакала да носи машка облека и дека тоа и било еден вид на хоби. Исто така не сакале да и помогнат да ја најде девојката. Ванг одлучила па покрене легална истрага за да си ги врати парите кои Киан ги земала.