Богат човек облечен како бездомник го посрамотил персоналот од ресторанот и сето тоа го снимил (видео)

Јутуберот Коби Перисон од Њујорк, направил експеримент со кој докажал дека никогаш не треба да им се суди на лушето според нивниот изглед.

Всушност Јутуб ѕвездата со своите видеа направил многу пари, но се облекол како бездомник за да види како ќе се однесуваат лушето кон него кога не изгледа богато. Така облечен се обидел да влезе во еден ресторан, а за впечатокот да биде уште поголем, преку рамото имал црна вреќа за отпадоци во која ги чувал своите работи.

Во ресторанот прашал дали може да седне со својот пријател, но персоналот од ресторанот го одбил.

“Извинете, но неможеме да ве сместиме. Ова место е скапо за вас” кажал шефот кој не му дозволил на Коби да се приближи. На прашањето дали може да го погледне менито, шефот на персоналот му кажал дека неможе да го услужи.

Персин тогаш кажал дека ќе го повика својот возач Роналд. Секако, кога тој стигнал во новиот Rolls Royce и од багажникот извадил актовка, шефот го променил мислењето.

Во неа се наоѓале милион долари кои тој им ги покажал.

“Ви кажав дека имам пари. Лудо е тоа што ги проценуваш луѓето според тоа како изгледаат. Мислам дека ќе го купам овој ресторан само за да ти дадам отказ” кажал тој.

 

Loading...