Чудо во Британија: Се породила два пати во рок од 17 дена

Photo: Pixabay.com

Џема Брајант е жената која што за 17 дена два пати се породила. Таа изјавила дека многу жали за изгубениот син, но и е среќна за нејзината ќеркичка.

Откако влегла во 21 недела од бременоста Џема го изгубила едното дете кое што било машко и требало да се вика Коби. Откако Коби бил роден тој веднаш починал, а докторите и рекле дека уште едното дете, бидејќи била бремена со близнаци, најверојатно ќе се роди за 2-3 дена , но со многу мали шанси за да преживее.

Откако и го соопштиле тоа Џема била во неизвесност. Поминале дури 17 дена, а  тогаш малата Лекси решила да дојде на овој свет. Веднаш откако добила породилни болки ја однеле во породилната сала каде што породувањето било најнормално. Малата Лекси успеала да преживее, а докторите останале зачудени.

Photo: Pixabay.com
  • Ова е првпат во историјата, близнаци да се родат со разлика од 17 дена. Досега ни се има случувано да се породат во различен ден, но максимум 3 дена. – изјавиле докторите.
Loading...

После породувањето малата Лекси морала да биде задржана на интензивна нега и 20 дена подоцна заедно со нејзините родители си заминале дома.