Девојка го вознемири целиот свет: Изеде радиоактивна јаболка од Чернобил, а еве што и се случи потоа! (Видео)

Јаболка од Чернобил

Девојка, која не сака да го открие нејзиното вистинско име, објави видеоснимки од нејзиното истражување за Чернобил. Ја мери радијацијата за да покаже дека местото воопшто не е опасно.

По експлозијата на нуклеарниот реактор во Чернобил во 1986 година, ретко некој се осмелува да ја посети оваа област, а ако оди таму, тоа е многу кратко.

Но, една девојка, која на Јутјуб се претставува како “бионерд23”, поминува многу време на радиоактивното подрачје и тврди дека она што ни го претставуваат како опасно, всушност и воопшто не е опасно.

Таа дури и самата се снимила додека јадела радиоактивни јаболка. За неа ништо не е премногу опасно и радиоактивно. Со голи раце ги собираше остатоците од нуклеарниот реактор, во кругот на Чернобил, бркаше бесна лисица, а сними и огромни сомови во езерото во Чернобил.

“Тие најверојатно не се мутанти, по веројатно е дека тие се толкави затоа што никој не пробува да ги улови”, објасни смирено, насочувајќи ги сомовите во езерото. Девојката е од Германија или подолго време жиеее таму. Своет вистинско име не го открива и тврди дека нејзиното вистинско име воопшто не е важно.

“Никој не треба да им се поклонува на научниците, туку само на нивната работа. Личноста тука не е важна”, напиша девојката. Многу коментатори ја поддржуваат и велат дека таа е “супер кул и храбра”, додека други прашуваат зошто таа го ризикува нејзиниот живот.