Докторите ја отпишале од живите, но иако е родена само со 400 грама таа лавовски се изборила за животот

Тажен и тежок почеток го обележило доаѓањето на овој свет на малата Мануши која е родена 400 грама, а била долга 21,8 сантиметри.

Нејзината борба започнала на 15 јуни 2017 година , кога поради високиот притисок кој што го имала нејзината мајка во бременоста, довело до губење на кислород поради што таа била во опасност. Докторите поради тоа решиле малата Мануши на овој свет да ја донесат со помош на царски рез.

SWNS

Тоа било најтешката одлука со која можеле да се соочат докторите и родителите – изборот помеѓу животот на бебето и животот на мајката. Во овој случај, малата Мануши не била приоритет, но иако се родила со 400 грама желбата за живот била огромна.

SWNS
Loading...

Се бореше против сите закони на природата – изјавиле докторите.

Нејзините родители кои се во брак 35 години, минале 7 месеци покрај креветчето на нивната ќеркичка која што успеала да се избори за својот живот. На почетокот девојчето неможело да дише сама, па затоа била под 24 часовен надзор на докторите. Седум недели после раѓањето почнала да зема и млеко, а 4 ипол месеци подоцна можела и да пие со помош на лажиче.

SWNS

Таа е најмалото бебе кое е родено во Индија и во Јужна Азија. Пред Мануши во 2012 година роден е Баби Рајни кој на денот на раѓање имал 450 грама.

Минатиот четврток, после долги седум месеци борба, девојчето изглегло од болница.

SWNS

– Малата сакаше да преживее. Нејзиниот мозок е структурно нормален, а и очите и се развиваат нормално. Сега е убава како ангел, а нејзиното име значи “човештво”. Нејзините родители се прав пример за целата нација. Да беа други родители мислиме дека немаше да имаат сила да се изборат. – изјавиле докторите за Германскиот Билд