Докторите никогаш не виделе вакво нешто: Лицето на ова бебе го шокираше светот (фото)

Поради ретко пореметување, ова мало момче воопшто не личи на бебе.

Кога Парул од Бангладеш отишла во болница за да се породи, никој не помислувал дека за нејзиниот син ќе зборува целиот свет.

Бебето е роден со изглед на старец. Лице со брчки и груба кожа на грбот, докторите го гледале и неможеле да поверуваат… Тие никогаш не виделе такво бебе.

Медиумите веднаш го поврзале со Беџамин Ботон, но во реалноста. Од друга страна, родителите биле пресреќни. Тие го нарекле “своето чудно дете”.

После многубројните испитувања, докторите заклучиле дека боледува од Хачинсин-Гилфордов синдром кој предизвикува брчки на лицето, ќелавост, губење на веѓите и трепките. Оваа болест е неверојатно ретка, шансите некој да се роди со неа се 1:8.000.000, а луѓето кои страдаат од неа имаат мали вилици, сува кожа и ограничени движења.

Тоа што е добро во овој случај е што на бебето не му била потребна дополнителна медицинска нега кога се родило.

“Благодарни сме му на Бог и нема причина да бидеме несреќни поради изгледот на нашиот син. Ќе го прифатиме таков каков што е. Премногу сме среќни бидејќи конечно имаме момче дома” кажува Бисвајит Патро, таткото на бебето.

Бебето е здраво и не му е потребна дополнителна нега, а родителите имаат надеж дека така и ќе остане. Меѓутоа, факт е дека луѓето со овој синдром имаат пократок животен вен, околу 20 години.

Loading...