Феномен или не? Од ведро небо паднал мраз тежок околу 20кг (Видео)

На лондонските улици се случило вистинско чудо. Од ведро небо паднал мраз со тежина околу 20 кг.

– Беше како почеток на катастрофа. Ме потсети на филмот “The Day After Tomorrow ” – изјавил Амир Кан кој што работи во локалниот дуќан.

loading...

Серхиј Мјешков кој што бил заслужен за чистење на улиците останал во шок, затоа што само 2-3 метри го делеле од смрт, кога на улицата паднал мразот тежок околу 20кг.

– Чистачот на улиците беше збунет и преплашен. Сите погледнавме кон небото. Беше лудо – додал Амир за Ivning Standard .

Инцидентот се случил под воздушната линија каде што редовно поминуваат авиони, па затоа се појавиле шпекулации дека мразот најверојатно се откачил од некој авион. Портпаролот на британското одделение за цивилно воздухопловство изјавил дека мраз понекогаш паѓа од авионите, но ова најверојатно е последица на некој метеоролошки феномен.

loading...