Родени под среќна ѕвезда: Еве како изгледаат децата на најбогатите луѓе на светот (фото)

Живеат во луксуз каков што нивните врсници неможат ни да замислат

Некои од најбогатите и најуспешните луѓе на светот често пати нагласуваат дека се обидуваат своите деца да ги воспитаат како и сите нормални луѓе и покрај огромното богатство.

Децата на милијардерите во многу случаи имаат исто детство како и нивните врсници, но исто така им се отворени многу врати низ кои “обичните смртници” неможе да поминат.

Американскиот бизнисмен Марк Кјубан има три деца, Алексис, Алиса и Џејк кои живеат во луксуз кој нивните врсници неможат ни да го замислат.

I just want to rolly rolly rolly with a dab of ranch @disneyland

A post shared by Mark Cuban (@mcuban) on

Се возат во приватни автомобили, летоваат на луксузни места, а кога им е досадно нивниот татко ги носи во Дизниленд.

Now we're ready !

A post shared by Mark Cuban (@mcuban) on

Основачот на Фејсбук Марк Цукерберг има две ќерки, Максим и Оугуст. Марк е посветен на своето семејство, а во ноември минатата година се повлече од работата за да може да помине повеќе време со нив. Фејсбук им дозволува породилно отсуство и на мајките и на татковците.

新年快乐! Happy New Year!

A post shared by Mark Zuckerberg (@zuck) on

Carousels have gotten a lot more awesome since I was a kid.

A post shared by Mark Zuckerberg (@zuck) on

Илон Маск има пет сонови со својата прва сопруга Џастин Вилсон. Нивната прва ќерка Невада е родена мртва, а после тоа по пат на вештачко оплодување во 2004 година добиле близнаци Грифин и Ксавијер, а две години подоцна добиле тројка, Дамјан, Саксон и Каиј.

Piggyback rides around the Opera House

A post shared by Elon Musk (@elonmusk) on

За своите деца Маск создал тајна експериментална школа за кола малку се знае во јавноста, пишува Бизнис инсајдер.

Happy Thanksgiving

A post shared by Elon Musk (@elonmusk) on

Милијардерот Ричард Брендон има две возрасни деца, Холи и Сем. Холи завршила медицинско училиште, а потоа почнала да работи со нејзиниот татко.

Таа одлично се вклопила во деловниот живот, но имала преблем за да стане мајка. После два спонтани абортуси и две пропаднати вештачки оплодувања, Холи и нејзиниот сопруг Фреди Ендруз во 2014 година станале родители на близнаци.

Idyllic family bank holiday time.

A post shared by Holly Branson (@holly_branson) on

Нејзиниот брат со “кралска венчавка” се оженил за својата девојка Изабела и до сега имаат три деца. Тој ја основал и компанијата Sundog Pictures

Бил Гејтс има три деца, Џенифер, Роби и Фиби. Неговата најстара ќерка Џенифер студира биологија и сака да се посвети на здравството или социјалната работа.

🍸

A post shared by Jennifer Gates (@jenniferkgates) on

Таа се занимава и со јавање, а во еден период Бил и купил и цела улица цо Вилингтон во Флорида за да има каде да вежба. Тоа го чинело 37 милиони долари, пишува Бизнис Инсајдер.

Иако нивниот татко е тежок околу 90 милијарди долари, неговите деца ќе наследат само мал дел од тоа богатство, а остатокот ќе биде даден во хуманитарни цели.

Happy #nationalselfieday, everyone! (And thanks, Phoebe, for keeping us young.) #selfieday

A post shared by Melinda Gates (@melindafrenchgates) on

Loading...