Мајка и купила кукла на својата ќеркичка, но била шокирана кога слушнала што куклата зборува (Видео)

кукла
Мајка и купила кукла на својата ќеркичка, но била шокирана кога слушнала што куклата зборува

Мајката на својата две годишна ќерка за роденден и поклонила кукла која зборува. Но, останала шокирана кога слушнала дека куклата пцуе. Арија (2) поради куклата почнала да изговара непристојни зборови – “кучка”.

Рејчел Хортон (28) од Бирмингем и купила на својата ќеркичка Арија кукла за нејзиниот втор роденден. Како и секое мало дете така и Арија се израдувала на подарокот.

Куклата која зборува требала да биде одличена играчка за двегодишното девојче, но Рејчел останала во шок кога слушнала што куклата навистина зборува. Наместо вообичаените зборови како “мама” и “тато”, куклата пцуела.

You bitch – изговара куклата, а непристојниот збор почнала да го изговара и Арија.

– Ја извадивме куклата од кутија и останав запрепастена кога го слушнав нејзиниот речник. Веднаш се вратив во продавницата во која ја купив и побарав објаснување, изјавила Рејчел за Daily Mail.

Во продавницата Argos и кажале дека може да ја врати куклата или замени за нешто друго, но мајката на двегодишното девојче смета дека куклата мора да биде повлечена од продажба.

И други мајки по пат на интернет се пожалиле на пцуењето на куклата и разочарувањето од поклонот.