Објаснета мистеријата за вонтелесното искуство

Дали необичните приказни на луѓето кои во текот на срцев напад, кома или други состојби кои водат до смрт, дека виделе светлост, го виделе своето тело на операционата маса и други визии, се вистинити?

Научниците веруваат дека дури една од десет личности има слични искуства, а најмногу овие искуства ги имаат при срцев удар.

Kevin Nelson, професор по неврологија на Универзитетот Kentucky, овие искуства ги проучувал подолго од 30 години. Во својата книга The God Impulse – Is Religion Hardwired Into The Brain? дава појаснување на сите елементи на вонтелесното искуство. Клучна точка на неговото објаснување е излегувањето од РЕМ фазата, тогаш најмногу сонуваме, а освен работењето на мускулите на очите, срцето и дијафрагмата која го контролира дишењето, ние потполно сме прализирани. Професорот Nelson верува дека некои личности се осетливи и потешко преминуваат од РЕМ фазата во будна фаза. Оваа состојба ја нарекува “РЕМ опструкција”, затоа што парализата која доаѓа со РЕМ фазата ги следи нив и кога се будни и често е следена со халуцинации. Истражувањето кое го направил на 55 личности кои имале вонтелесно искуство, покажало дека 60% од нив пред вонтелесното искуство имале “РЕМ опструкција” додека само 24% од случајно избраните луѓе имале сличен проблем.

“Наместо дирекно преминување од РЕМ фазата во состојба на будност, мозокот кај оние кои имале вонтелесно искуство често ги меша овие две фази и ги спојува во една. Поради тоа личноста ја гледа граничната светолост” објаснува.

“Многу луѓе влегуваат во граничната фаза на светлост на неколку секунди или минути пред да излезат од РЕМ фазата или пред да се разбудат. Во таа гранична состојба се јавуваат прализа, светлост, халуцинации и сонови. Во текот на криза, како што е престанок на работата на срцето, оваа состојба може да го објасни вонтелесното искуство”.

Но што е со светлината, тунелот, необичните средби…? И тоа може да се објасни. Професорот Nelson заклучил дека овие симптоми се јавуваат и кога некоја личност губи свест, а не само кај оние на кој им е загрозен животот. Тоа што е заедничко кај повеќето луѓе кои го доживеале ова искуство е привремени пречки при проток на крв во мозокот.

“Нормално е 20% од крвта која ја пумпа срцето да оди во мозокот. Ако дотокот на крв е смален за една третина, мозокот останува активен, но после 20 секунди се губи свест. Мозокот не доживува никакви оштетувања, дури и ако овој доток на крв трае и неколку саати. Во текот на тој период на личноста може да и се враќа свеста, но пак да ја губи. Најосетливото ткиво во тој момент не е мозокот, туку очниот мускул. Тогаш доаѓа до карактеристичното гледање на тунел. Светлоста на крајот од тунелот може да дојде од окружувањето, на пример од собата за итна помош бидејќи тоа светло е единственото нешто што мозокот го препознава поради недостаток на крв во главата. РЕМ системот е поврзан со виртуелниот систем и може да вклучи внатрешно проектирање на светлина” пишува доктор Nelson.
Но луѓето не само што го гледаат тунелот, туку и се движат низ него – како може тоа да се објасни?

“Областа во мозокот поврзана со вонтелесното искуството се наоѓа веднаш до делот кој е одговорен за чувството за движење. Поради проблемите за функционирањето на мозокот за време на РЕМ фазите, мозкокот може да го почувствува чувството на движење”, вели професорот.

Со оглед на тоа дека луѓето за време на РЕМ фазите се парализирани, инаку би можеле да се повредат додека сонуваат, чувството дека се мртви може многу едноставно да се објасни.

Што е со лебдењето? Професор Nelson ни прикажува еден експеримент на швајцарскиот невролог Olafa Blankea. Тој и неговите колеги откриле сосема случајно, како доаѓа до вонтелесно искуство припремајќи 43 годишен пациент за операција. Испитувајќи каде е изворот на проблемите кои ги имале, тие им пуштале електрични импулси во одредени делови од мозокот. Во еден момент, додека една жена за време на експериментот била будна, објаснила дека лебдела над своето тело и го надгледувала експериментот кој го правеле врз неа. Веднаш потоа кога електричната енергија била исклучена, тоа чувство исчезнало.

Чувството на хармонија може да се објасни како хемиски процес во мозокот кој се јавува често за време на некоја криза – телото испушта хемиски врски, кои нас не’ релаксираат и го намалуваат чувството за шок, пренесува Net.

Со ова истрашување професорот Nelson Не го разбива верувањето во Господ, туку појаснува дека духовните појави поради нашето недоволно знаење за телесните и духовните состојби, кои често знаеме да ги интерпретираме неправилно.

Loading...