Мистериозен објект над Атлантикот: Објавена тајна снимка од американското воздухопловство (видео)

Видео снимката настанала во 2015 година, на Источното крајбрежје на САД кога е забележан мистериозен објект кој го прелетува Атлантикот. На снимката може да се слушне пилотот кој го забележал неидентификуваниот објект кој лета над океанот, пишува Mirror.

Кристофер Мелон, советник во компанијата „To the Stars Academy of Arts and Science“ за Washington Post напиша дека “е време да ги оставиме сите табуа во врска со НЛО”.

Снимката ја направил пилот кој летал на висина од 7.600 метри. Брзиот објект може да се види како се движи низ екранот. Во еден момент камерата успеала да го следи објектот. Може да се слушне пилотот кој возбудено вика дека успеал да го сними. Потоа се слуша другиот човек кој зачудено прашува “што е тоа?”.

На снимката и е тргната ознаката за тајност. Во октомври минатата година американските вооружени сили потврдиле дека постоел програм за истражување на НЛО, но поради финансиски причини тој е прекинат во 2012 година.

Loading...