Момче (13) со 1.300 евра сам направил куќа во која има се, а еден детал и ќе ве воодушеви (Видео)

куќа
Момче (13) со 1.300 евра сам направил куќа во која има се, а еден детал и ќе ве воодушеви

Пред повеќе од една година, Лук Тил (13) од САД почнал да гради куќа за себе, бидејќи сакал да има простор што ќе биде само негов. Тој ја изградил во дворот и го чинела само 1300 долари.

Куќата има малку повеќе од осум квадратни метри.

Неговото тинејџерско засолниште може да се пофали со мала дневна соба со телевизор и спална соба на подкровјето. Во својата куќа Лук најлесто ги пишува домашните задачи, а неколку пати во неделата и преспива во неа. Понекогаш го посетуваати пријателите па им прави палачинки на малата кујна.

Дошол до идеја да си направи своја куќичка во текот на долгите летни месеци кога се досадувал. Почнал со истажување како да направи со малку пари.

Најпрво морал да смисли како ќе го финансира неговиот проект, но тоа го решил фантастично.

Тој им помагал на соседите во замена за пари или материјали кои му биле потребни за изградба, или дури и за некоја услуга. На пример, во пресрет му излегол соседот електричар кој во куќата му спровел струја во замена за чистење на гаражата.

Дури 75 проценти од материјалите кои Лук ги користел за изградбата, се рециклирани.

Искористил материјали и од непотребниот тепих на својата баба, ја искористил старата врата која го красела дворот на пријателот на неговиот вујко и слично. Куќичката има се што е потребно.

Водоводот не е поврзан, но момчето нема проблем со тоа.

“Го сакам минимализмот и сакав да си имам своја куќа без огромна хипотека”, рече тој.

Таткому Грег веднаш му кажал дека го подржува, али под услов сам да ги собере парите и сам да ја изгради куќата која ја замислил.

“Тоа беше прилика детето да направи нешто повеќе од само играње на видео игри и да научи некои лекции од животот”, изјавил гордиот татко.

Момчето со оваа куќа не запира. Веќе размислува за студентските денови – има идеја да изгради некоја поголема мобилна куќа во која би живеел во текот на студирањето за да не троши пари на класичното студентско сместување.