Неверојатно откритие за сините очи: Ако ги имате, ова ќе ве воодушеви

Новото откритие ги изненади научниците. Овие очи се желба на многу луѓе, но тие се едни од ретките бои на очи/

Се верува дека оригинално сите имале кафеави очи, а дека луѓето со сини очи почнале да се појавуваат пред околу 10.000 години.

Се проценува дека денес помеѓу 20% до 40% од луѓето во европа имаат сини очи, но точната причина за тоа не им е позната на научниците.

pixabay

Се претпоставува дека станува збор за генетска мутација и дека генот преживеал бидејќи луѓето со таа боја на очи се сметаат за физички попривлечни, па имале можност повеќе да ја зголемат популацијата.

Бојата на очите е одредена од пигментот во окото.

Големата количина на пигмент предизвикува кафеави очи, помалата количина предизвикува зелени очи, а малку или немање пигмент се сини очи.

Дури 16 гена ја одредуваат бојата на очите, но главни два гена се HERC2 И OCA2, а HERC2 служи за активирање на OCA2 кој ги активира протеините кои произведуваат пигмент.

Ако еден од овие гени мутира се прекунува ланецот на реакција и престанува да се создава пигмент. Резултат на тоа се сините очи.

pixabay

Секој има по два од секој вид на гени, еден од таткото и еден од мајката. Ако еден родител има мутиран OCA2 ген, а другиот нормален, детето ќе има кафеави очи.

Ако и двајцаата родители имаат мутиран OCA2 ген, постојат 25% шанси детето да има сини очи. Теоретски, сокриениот мутиран OCA2 може да се пренесува низ семејството со генерации, а никој да нема сини очи.

Истражувањето спроведено во универзитетот во Копенхаген, ја проучувало ДНК на луѓето со сини очи и открило дека 99,9% од нив имаат мутација во OCA2 генот. Поради тоа научниците веруваат дека сите луѓе со сини очи можеби потекнуваат од еден заеднички предок. Тоа значи дека сите луѓе со сини очи можеби се роднини.