Просат и месечно заработуваат до 70.000 долари

долари
Просат и месечно заработуваат до 70.000 долари

Познато е дека Дубаи е богат град во кој просјаците можат да заработат мало богаство.

Некои од нив заработуваат месечно до 73.500 долари. Најмалку во последните три години, луѓето кои просат ја користат великодушноста и богатството на луѓето во Дубаи, пишуваат медиуми.

Иако полицијата се обидува да се бори против организираната група на просјаци, тој проблем во Дубаи и понатака е актуелен. Се работи за банди од Азија и Арабија кои испраќаат просјаци во Дубаи, најчесто со визи кои траат по 3 месеци, а потоа им ги одземаат парите кои ги заработиле.

Просењето во Дубаи е забрането, но се работи за професионалци кои на мета ги имаат богаташите низ Дубаи. Им зборуваат дека нивното семејство живее на улица или во војна во погодените региони. Тие бараат поголема сума на пари од богаташите и на некои тоа често им успева.