Црна лимонада. Напиток по кој полудеа жените

Освен што има егзотичен изглед, црната лимонада помага и при слабеење, но и при чистење на организмот од токсини.

Иако на изглед изгледа премногу чудно, сепак црната лимонада има ист вкус како и обичната лимонада, разликата е само во бојата.

Доколку сакате да направите црна лимонада потребно ќе ви биде вода, лимон и медицински јаглен. Со помош на медицинскиот јаглен кој што нема вкус и мирис вие обичната лимонада можете да ја направите црна лимонада. Медицинскиот јаглен помага при детоксикација на организмот.

За да направите црна лимонада следете ја рецептава:

  • 4 чаши вода (флаширана)
  • 1/4 чаша сок од лимон
  • 1/4 лажица медицински јаглен или пак 1 таблета (карбомед)

Сите состојки добро измешајте ги, а доколку сакате поинтензивен вкус на лимон можете слободно да додадете. Напитокот се служи ладен.

Поради тоа што медициснкиот или активниот јаглен служи има својство да врши детоксикација на организмот, напитокот е одличен за мамурлак.